Национален парк Полино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Полино
МестоБасиликата и Калабрија, Италија
Површина1,925.65 km2 (743.50 ми)
Создаден(а)1993
ИзвршителМинистерство за животна средина

Националниот парк Полино (италијански: Parco Nazionale del Pollino) е италијански национален парк на Апенински Полуостров, во провинциите Козенца, Матера и Потенца. Името е од истоимениот планински масив Полино. Паркот е дом на најстарото европско дрво, Хелдреиховиот бор стар 1.230 години[1], а симбол на паркот е реткиот босански бор. Од ноември 2015 година, со вклучувањето на глобалниот список на геопаркови од страна на УНЕСКО, паркот Полино се смета за светско наследство. Со вкупно 88.650 ha на луканската страна и 103.915 на калабриската страна е најголемиот парк во земјата со површина од 1.925,65 квадратни километри[2][3] и меѓу 50-те најголеми во светот. Обичната бука е најраспространето дрво во паркот, а паркот е дом и на различни важни лековити билки.[4]

Градовите со интересни знаменитости вклучуваат Ротонда, Кастровилари, Морано Калабро (манастирот Колорето), Лаино Борго, Лаино Кастело, Мормано, Скалеа, Папасидеро, Цивита, Черхиара (црквата на Мадона дел Арми). Заедниците каде се зборува албански се присутни во општините Сан Паоло Албанезе, Сан Костантино Албанезе и други. Во долината Меркур биле откриени остатоци од праисториски видови како Elephas antiquus и европски нилски коњ.

Реките и потоците ги вклучуваат Лао, Сини, Косиле, Гарга и Раганело.

Дивиот свет вклучува златен орел, италијански волк, срна, дива свиња, црвена лисица, европска видра, калабриска црна верверица, шумски дурмузи (Dryomys nitedula), црн клукајдрвец, чав, сив сокол црвена луња планински сокол, кања обичен елен (биле воведени во 2000-тите).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Oldest European Tree Found—And It's Having a Growth Spurt“. National Geographic (англиски). Посетено на 2018-05-26.
  2. „Profilo geografico e storico del Parco del Pollino“. Parco Nazionale del Pollino (италијански). Архивирано од изворникот на 2019-07-01. Посетено на 2017-12-23.
  3. Dunford, Martin (2011). The Rough Guide to Italy. Penguin. ISBN 1405389222.
  4. „Piante, fiori e erbe officinali del Parco del Pollino“. Parco Nazionale del Pollino (италијански). Архивирано од изворникот на 2019-01-16. Посетено на 2017-12-23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]