Национален парк Козара
| Национален парк Козара | |
|---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
| Место | |
| Најблизок град | Приедор |
| Површина | 175 км2 |
| Воспоставен(а) | 6 април 1967[1] |
| Управно тело | http://www.npkozara.com/ |
Национален парк Козара — национален парк во Босна и Херцеговина, во ентитетот Република Српска. Националниот парк е близина на градот Приедор.
Општо
[уреди | уреди извор]Паркот, географски и геоморфолошки, припаѓа на припанонското подрачје на Динаридите. Површината на националниот парк е 3520 хектари и како национален парк е прогласен во 1967 година. Целта била да се заштитат природните и културно-историските вредности на Козара.
Козара е планина со динамичен релјеф, чии височини не преминуваат од 1000 метри. Пределот е со умерено-континентална клима, со голем број сончеви денови и питоми планински врвови. Од одредени места се гледаат Градишка, Приедор, Козарска Дубица и останатите помали населени места. Во паркот исто така има повеќе избори и речни корита. Централен дел на паркот е пределот именуван како Мраковица, а останати врвови се: Гола планина (876 м), Рудине (750 м) Јарчевица (740 м), Главуша (793 м), Бешиќа-пољана (784 м), Врновачка глава (719 м), Бенковац-Јуришина коса (705 м), Шупљиковац (652 м), Зајчев камен (667 м), Козарачки камен (659 м).
Галерија
[уреди | уреди извор]- Споменик на Мраковица
- Споменик на Мраковица
- Утро над Козара
- Вегетација на Козара, магарешки трн (Cirsium eriophonim)
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Национален парк Козара“ на Ризницата ? |