Национален парк Зангезур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Зангезур
Zəngəzur Milli Parkı
МестоположбаОрдубад
Површина42,797 км²
УправаРепублика Азербејџан
Министерство за екологија и природни ресурси
Прогласено:16 јуни 2003
Национален парк Зангезур is located in Азербејџан
Национален парк Зангезур
Местоположба на Национален парк Зангезур
Zəngəzur Milli Parkı во Азербејџан


Национален парк Зангезур (азерски: Zəngəzur Milli Parkı) — прв национален парк на Азербејџан. Бил создаден со декрет на претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, како Национален парк Ордубад на површина од 12,131 км² во округот Ордубад, во Автономната Република Нахичеван на 16 јуни 2003 година. На 25 ноември 2009 година бил проширен на 42,797 км² и преименуван во Национален парк Зангезур.

Националниот парк Зангезур се одликува со богат биолошки диверзитет. Има 58 вида на животни (35 цицачи и 23 инсекти) и 39 вида на растенија, кои се вклучени во Црвената книга на Азербејџан. Националниот парк поседува ретки и загрозени видови како анадолскиот леопад, планинската овца муфлон, коза преживар, белоглав морски орел, златен орел и мал дропја.

Според извештај на УСАИД во 2010 година (кој ги опишал националните паркови во Азербејџан, како „т.н. национални паркови“), јавниот пристап до Националниот парк Ордубад е невозможен, бидејќи е потребно лично писмо „добиено многу однапред пред предвидената посета и често одбивано“ од министерот за екологија и природни ресурси, но многу е тешко да го добијат невладини организации, меѓународни дарители или било кој надвор од владата.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. United States Agency for International Development, "Biodiversity Analysis Update For Azerbaijan" 2010. [1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]