Прејди на содржината

Национален парк Ершег

Координати: 46°52′N 16°25′E / 46.867° СГШ; 16.417° ИГД / 46.867; 16.417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Ершег
Őrségi Nemzeti Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Црквата во Ерисентпетер
МестоВаш, Унгарија
Површина440 km2 (170 sq mi)
Воспоставен(а)2002
Мрежна страницаhttp://onp.nemzetipark.gov.hu/
Националниот парк Ершег

Национален парк Ершегунгарски национален парк. Се наоѓа во округот Ваш и бил отворен на 8 март 2002 година.

Паркот се простира на површина од 43.933 ха и се наоѓа на тромеѓата Унгарија, Австрија и Словенија како дел од три заштитени подрачја во три соседни држави, кој се вика Раб-Ершег-Горичко, а го сочинуваат Националниот парк Ершег во Унгарија, Паркот на природата Раб во Австрија (основан на 12 септември 1998 година) и словенечкиот Парк на природата Горичко (основан на 9 октомври 2003 година)

Подрачјето Ершег се наоѓа во триаголникот меѓу Керменд на север, Залаегерсег на исток и унгарско-австриската граница на запад. Населението на ова гранично подрачје им служело како „стража“ на унгарските владетели уште во 11 и 12 век, од каде е изведено името „Ержег“ (Стража) (унгарски: Őrség). За овие доброволни услуги, жителите биле наградени со повластици и поголема автономија.

За Ершег се карактеристични мали населби, групирани куќи и селца, на унгарски наречени „сер“ кои го прават синџирот на гранични стражи.

Во селото Велемер на унгарско-словенечката граница, добро е сочувана црквата од 13 век со фрески од австрискиот сликар Јохан Аквиле од 1378 година, кој веќе тоа време дал да се наслути т.н. „меѓународен стил“. Сликарот се овековечил на северниот ѕид.

Ершег има голем број на ретки животни и растенија, како што се црните штркови, тропрстите клукајдрвци или осојадите, како и разни ретки видови пеперуги и вилински коњчиња. Чести цвеќиња се перуниките и генцијаните.

Паркот ја добил наградата EDEN (Европски одредишта на извонредност) за крајоликот во склад со природата, богат со планини и долини, листопадни и зимзелени шуми, ливади, извори и реки, кои хармонично се поврзуваат. Покрај тоа, посетителите може да уживаат во вистински традиции и обичаи, занаети, производи на земјоделците, кои се самодоволни и го одредуваат начинот на живеење во регионот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

46°52′N 16°25′E / 46.867° СГШ; 16.417° ИГД / 46.867; 16.417