Национален парк Балатонски висорамнини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Badacsonytomaj

Во 1997 година е воспоставен заштитен еколошки систем кој го опфаќа соседното подрачје на Балатонските висорамнини (северно крајбрежје на езерото Балатон) со поврзување на веќе заштитените подрачја кои се одвоени подолго време. Областа од 56,997 хектари на Националниот парк Balaton-felvidéki се состои главно од шест заштитени области. Националниот парк е со седиште во Веспрем, најголемиот град на областа Балатон.[1]

Полуостровот Тихањ[уреди | уреди извор]

Во 1952 првата заштитена област на Унгарија беше создадена во најатрактивниот, најразновидниот и научно најистражуван крај на земјата. Тој опфаќа површина од 1,562 хектари, од кои 195 се строго заштитени. Персоналот на унгарскиот Балатонски Институт за Лимнолошко  истражување - основан 1927 година во Тихањ - не само што ја проучувал биолошката разновидност на езерото, но, исто така, правел екстензивни истражувања на полуостровот Тихањ. Како резултат на тоа, стотици публикации биле објавени за неговата геологија, фауна и флора. Сите овие истражувања ја поддржаа идејата за доделување на заштита на овој крај.

Сливот Pécselyi [уреди | уреди извор]

Крајот го карактеризираат падини со благо закосени страни, широки врвови и басени, рамни висорамнини со карстни елементи (на пр. карстни полиња). Реликт на базалтни вулкански активности од квартерскиот период е ридот Халом кај Mencshely.

Сливот Káli[уреди | уреди извор]

На најкарактеристичниот дел од Балатонските висорамнини му била доделена заштита кога областа во сливот Káli била основана, во 1984 година, на површина од 9,111 хектари.

Сливот Tapolca[уреди | уреди извор]

Со векови наназад, многу поети, романописци и сликари ја нарекувале околината на Badacsony најубавиот предел во Унгарија. Едно од најголемите достигнувања на унгарското движење за заштитата на природата била конечното затворање на базалтните каменоломи отворени во 1903 година. Познатиот унгарски драматург Ференц Херцег, упорно се борел во Горниот Дом од парламентот, во 1920-тите, за конечното затворање на овие каменоломи. И покрај прес кампањите, последниот каменолом конечно бил затворен во 1964 година.

Планините Кестхељ[уреди | уреди извор]

Карактеристичниот темел на шумската површина е доломит. На оваков доломитски темел, типичен за Трансдунавските планини, флората и фауната се одредени со посебните еколошки услови.

Кис-Балатон[уреди | уреди извор]

Кис-Балатон, како огромен мочуришен хабитат, е уникатен во цела Европа, поради што отсекогаш бил заштитуван од меѓународната заштита на природата. Големата разновидност на птици веќе била позната во минатиот век; и во голема мера била оддржувана и покрај вештачкото исушување на мочуриштето кое започнало во 1922 година. Кога Унгарија се приклучи на Рамсарската конвенција во 1979 година, Кис-Балатон беше вклучен во листата на "Мочуришта од меѓународно значење како живеалиште на водни птици".

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]