Национален парк Агтелек
Национален парк Агтелек | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
![]() Сталагмити во пешетрата Барадла | |
Место | Унгарија |
Координати | 48°28′32.628″N 20°29′12.732″E / 48.47573000° СГШ; 20.48687000° ИГДКоординати: 48°28′32.628″N 20°29′12.732″E / 48.47573000° СГШ; 20.48687000° ИГД |
Површина | 198.92 km2 (76.80 ми) |
Воспоставен(а) | 1985 |
Тип: | Natural |
Критериуми: | viii |
Прогласено: | 1995 |
Број | 725 |
Држави: | ![]() ![]() |
Регион: | Источна Европа |
Националниот парк Агтелек (унгарски: Aggteleki Nemzeti Park) е национален парк во Северна Унгарија, во регионот Агтелек Карст. Најзначајни вредности на националниот парк се посебните површински формации и пештери во овој варовнички пејзаж.[1]
Опис[уреди | уреди извор]
Паркот се состои од 280 пештери со различни големини.[1] Опфаќа вкупна површина од 198,92 км2 од кои 39.22 км² се под големена заштита. Најголемата сталактитска пештера во Европа се наоѓа во оваа област: пештерата Барадла (26 километри долга, од кои 8км е во Словачка, позната под името Домица ). Неколку пештери имаат други специјалности. На пример, Мировната пештера има санаториум кој помага во лекувањето на луѓето кои страдаат од астма.
Историја[уреди | уреди извор]
Првата пишана документација за пештерите датира од 1549 година. Од 1920 година се користи како туристичка атракција. Самиот Национален парк Агттелек е основан во 1985 година.Паркот е дел од светското наследство на УНЕСКО од 1995 година, заедно со словачките карстни пештери.[1]
Фауна[уреди | уреди извор]
Животните присутни во националниот парк Агтелек се: Јастреб глувчар, источен царски орел, воден кос, црвен елен, Евроазиски рис, сив волк, дива свиња, цуцулеста сипка, жолтоглаво кралче, зимовка, лештарка, рибарче, сиво свраче, едрилец и други.