Национален парк Ѓердап

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Ѓердап
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Национален парк Ѓердап
Површина637,87 km2 (246,28 sq mi)
Воспоставен(а)1974
Мрежна страницаDjerdap
Службен назив: Ѓердап
Прогласено:8 Јун, 2020
Број2442[1]
Управна зграда во Долен Милановец
Визиторски центар
Визиторски центар

Национален парк Ѓердап е најголем национален парк во Србија, се наоѓа во североисточен дел на Србија, на самата граница со Романија. Следејќи го течението Дунав, се наоѓа по должина од 100 километари од неговиот десен брег, од Голубац до Давидовац кај Кладово, каде што се раширени зони со различни режими за заштита на природни објекти, споменик на култура, фауна и вегетација на разни видови.

Вкупната површина на националниот парк изнесува 93.968 хектари, а со заштитна зона е обфатено 63.786,48 хектари. Главна природна појава на оваа подрачје е грандиозната Ѓердапска Клисура низ која протекува реката Дунав.

Обфаќа тесен пошумен ридско-планински појас, широк 2 до 8 km долж Дунав, кој се издига над Дунав од 50 до 800 метри надморска височина.

Националниот парк Ѓердап се нарекува и речен национален парк, бидејќи значаен дел од Ѓердап го сочинува Дунав, а и најголемата и најдолгата клисура во Европа, чудесната железна порта, дивата ботаничка градина и најголемиот европски археолошки музеј во природата.

Специфичен историјски развој, многу поволна клима, комплексна мрежа на клисури, кањон и длабоки заливи, оваа област се издвојува како единствен европски резерват на терцијарна флора, вегетација и фауна.

Основање[уреди | уреди извор]

Како Национален парк Ѓердап бил прогласен во 1974 година, за да се стави под заштита на Ѓердапската Клисура и природниот простор покрај клисурата, како просторна целина, со исклучителни културно-историски вредности, значајни природни екосистеми во состав од исклучителна вредност и реткост, објекти со изворна флора и фауна и добро зачувани шуми со природен состав и исклучителен изглед.

Национален парк Ѓердап

Како компанија за заштита и развој на Националниот парк Ѓердап е основана 5 јуни а 1989 година, со усогласување со законските прописи од 1993 година, работи како Јавно претпријатие „Национален парк Ѓердап“. Седиштето на „Национални парк Ѓердап” е во Долен Милановац, а работните единици се во Добра и Текија.

Организациска структура
  • Сектор за заеднички работи,
  • Сектор за заштита и одржување на развој,
  • Сектор за правен, општ и деловен туризам,
  • Сектор за планирање на стопанисување со шуми

Основни одлики[уреди | уреди извор]

Главна одлика на паркот е големата шумска покривка (над 64%) и исклучителното богатство и разновидност на флора, фауна на геоморфолошки форми и богатството на културно-историски споменици од најстарите епохи до денес. Околу 9% или 5.500 хектари од Националниот парк Ѓердап е дел од Дунав, кој ѝ припаѓа на Србија. Тоа го прави Националниот парк Ѓердап национален парк. Долината на Дунав се состои од три кањонско-клисурски долини:

  • Голубачка, долга 14,5 km, најмала ширина 230 m
  • Госпоѓин Вир долга 15 km и најмала ширина 220 m
  • Кањон на Голем и Мал Казан долга 19 km и најмала ширина 150 m

и три котлини:

  • Љупковска
  • Долномилановачка
  • Оршавска

Кањонските долини се зачестени во варовнички јужни Карпати.

Ѓердап, Железната порта, е предизвик за патниците, трговците, воините и мировниците илјадници години. Тоа е порта помеѓу два важни културни и економски делови на светот, помеѓу долниот и средниот регион на Подунав. Ѓердап отсекогаш бил природно стратешко место од големо значење, и во војна и во мир. Затоа покрај Ѓердап има голем број историски споменици.

Со одлука на Унеско Ѓердап е прогласен за геопарк.[2]

Флора на Ѓердап не се одликува само со разновидност и богатство, туку и со изразен реликтен карактер. На просторот на паркот опстанува преку 1100 растителни врсти.

Разновидноста на живеалиштата и заедниците се рефлектира и во фауната, која, како и флората, носи белег на реликтност. Во оваа област можете да најдете мечка, рис, волк, чакал, чавка, був, црна род како и многу други видови.

Културно историско наследство[уреди | уреди извор]

Многу поволните услови за живот се причина за постојаното присуство на човекот, за што сведочат многу археолошки наоди и културно-историски споменици, како што се населбата Лепенски Вир, археолошките наоѓалишта како Тврдината Дијана, Голубачки Град , остатоци од Трајановиот мост, Трајановите табли, римски лимес, разни замоци, до зачувани примери на народна српска архитектура.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Милановић Пешић, Ана (уредник) (2015). НП Ђердап (Лексикони националних паркова Србије. изд.). Београд: Службени гласник / Географски институт Јован Цвијић САНУ /Национални парк Ђердап. стр. 360. ISBN 978-86-519-1799-1. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); |access-date= бара |url= (help)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]