Нахимовско воено-морско училиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рускиот крастосувач Аурора, првиот кампус и брод за обука на училиште од ваков тип.

Нахимовско воено-морско училиште (руски: Нахимовское военно-морское училище, Nakhimovskoye voyenno-morskoye uchilishche) — интернат во Советскиот Сојуз и во модерна Русија. Именувани се по адмиралот на Руската Империја, Павел Степанович Нахимов.

Првото Нахимовско воено-морско училиште било воведено во Тбилиси во 1943 г. за време на Големата Патриотска Војна. Тоа било воведено за синовите на воениот персонал кој умрел во акција. Нахимовското воено-морско училиште во Тбилиси било затворено во 1955 г. Во 1944 г. бил отворен интернат од таков вид во Ленинград, а следната година и во Рига и истиот бил затворен во 1935 г.

Во модерна Русија само Нахимовското воено-морско училиште во Санкт Петербург успеало да опстои. Интернатот денес нуди секундарна едукација и тренинг во воен стил и според морнаричките традиции на нацијата на тинејџерите кои се припремаат за служба како офицери во руската морнарица. Од 2017 г. училиштето има кампуси во Владивосток, Мурманск и Севастопол, сите сместени во поранешни кадетски школи.

Поврзано[уреди | уреди извор]