Нафи Сулејмани

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нафи Сулејман (с. Трново, Битолско, 1918 - ?) бил комунист, учесник во НОВ и воен командант.[1]

Бил член на СКОЈ од 1941 година и на КПЈ од јуни 1943 година, поради што бил прогонуван и апсен. На 2 август 1944 година учествувал како делегат на Првото заседание на АСНОМ. Бил командант на чета и на баталјон. На 10 август 1944 година влегува во составот на новоформираниот Трет тетовски партизански одред,[2] а набрзо станува командант на Четвртата македонска албанска бригада (од нејзиното формирање на 26 август 1944 до март 1945), а потоа бил заменик командант на оваа бригада.[3] Во ноември-декември 1944 бил одликуван со Орден партизанска ѕвезда од III ред. По Ослободувањето бил пратеник и се наоѓал на други одговорни општествени должности.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1458 стр.
  2. Нешо Маркоски „Беличица во пламен“, „Полог“, Тетово, 1975, 13 стр.
  3. „„Офицер", бр. 6, 2001, 4 стр“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-29. Посетено на 2013-07-07.