Научник за конзервација

Конзерватор научник — музејски професионалец кој работи во областа на науката во конзервација, а негов главен фокус на дејноста е истражување на објекти од културно наследство и развој на нови и подобри методи за конзервација и реставрација на споменатите предмети. Тој користи применети научни истражувања за да ги утврди материјалните, хемиските и техничките аспекти на културното наследство. Собраните информации ги споделува со конзерватор реставратор, реставратори и кустоси и сите заедно ги користат знаењата за да одлучат за најдобриот конзерваторски и реставраторски третман, односно соодветна грижа за одреден објект.
Обврски и одговорност
[уреди | уреди извор]Клучната должност на научниците конзерватори е научно заснована поддршка за развој на техники за најдобро зачувување, конзервација и реставрација на предметите од културното наследство.[1] Оваа задача се исполнува првенствено на 4 основни начини:
1.) идентификација на материјалите и технологиите што се користат при изградбата на зградата.
2.) ги проучува механизмите на влошување на зградите.
3.) развива и тестира нови техники и материјали за конзервација и реставрација.
4.) развива и тестира нови аналитички техники и опрема.
Историја
[уреди | уреди извор]Првиот научник конзерватор вработен во музеј бил Германецот Фридрих Ратген во 1888 година тој работел во Берлинските кралски музеи.
Ситуацијата во Македонија
[уреди | уреди извор]Централна конзерваторска лабораторија при НУ Музејот на Македонија врши заштита на движно културно наследство од сопствените збирки, а согласно матичноста дава услуги и на останатите музеи во Македонија.[2] Во рамките на своето работење во Музејот, ЦКЛ делува во повеќе сегменти и активности со програми и проекти во музејската дејност преку основните шест правци на делување: конзерваторски истражувања, непосредна заштита на движни добра, превентивна заштита на културното наследство а се вршат и други работи од областа на едукација, документација и презентација на културното наследство.
Литература
[уреди | уреди извор]Варела, Е. Конзерваторска наука за културното наследство, Лондон 2013 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Whitmore, P. (Eds.). (2005). Conservation Science Research: Activities, Needs, and Funding Opportunities Архивирано на 20 февруари 2021 г.. (A Report to the National Science Foundation). Retrieved April 13, 2014.
- ↑ Codecordia. „Централна Конзерваторска Лабораторија - Музеј на Македонија“. Национална Установа Музеј на Македонија. Посетено на 2024-06-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Форум на ICCROM за наука за заштита, Рим, 16-18 октомври 2013 годинаАрхивирано на 30. ožujka 2014.. март 2014 година ( Wayback Machine ) ICCROM
- Оддел за наука Гети Институт за конзервација
- Наука за конзервација Индијанаполис Музеј на уметност
- Наука за конзервација ArtBabble
- Конзервација: Научно видео Музеј на модерна уметност