Наум Попески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наум Попески
Роден/аНаум Попески
25 ноември 1947
Вевчани, НР Македонија, ФНРЈ
Занимањеновинар, писател, поет, преведувач, публицист и филолог
НационалностМакедонец
Жанрпоезија за деца и публицистика
Книжевно движењесовремена македонска книжевност

Наум Попескимакедонски писател, поет за деца, новинар, преведувач и публицист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Наум Попески е роден во Вевчани на 25 ноември 1947 година. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Долгогодишен новинар и уредник на додатокот за деца „Колибри“[2] на „Нова Македонија“.Член на ДПМ од 2000 година[3]. За своето долгогодишно - плодно поетско творештво за деца, добитник е на повеќе награди и признанија, како и Наградата Гран при и Награда за животно дело.

Творештво[уреди | уреди извор]

Наум Попески е автор на книгите:

Наум Попески
  • „Ајде да растеме“ поезија за деца,(1982)
  • „Бонтон за деца“, (1991)
  • Бонтон за деца, преведена на албански јазик: Bontoni per femije (1995)
  • ,Еко - бонтон за деца“,(2006)
  • „Марко Поло - големиот морепловец и истражувач“, публицистика (1994)
  • „Детелинка со четири листа“ поезија за деца (1995)
  • ,Дневникот на Мартина“ патеписни белешки од Јадран (2003)
  • „Принцезата Дијана“ - бајка која се претвори во трагедија публицистика (1997)
  • „Спомени во слики“ (2007)[4]
  • „Една грешка - мака тешка“,песни и раскази за сообраќајната култура на децата (2009) [5]
  • ,Изворчиња - поточиња“, поезија за деца (2007)
  • „Летни светни светулке“ поезија за деца (2012)
  • Анегдоти - згоди и незгоди на македонските писатели за деца (2013)
  • „Наумување“ поезија за деца (2015)
  • „Низ сончевиот пат на македонската азбука“, македонската азбука опеана во стихови за најмалите и со соодветни илустрации (2016)
  • Ново, дополнето издание, „Бонтон за деца“, адаптирано за децата од претшколска возраст, издание на „Детска радост“ „Просветно дело“, Скопје (2017)
  • „Поетот од Порече“, монографска книга во соавторство со поетот Саво Костадиновски (2018)
  • „Чаробна крила“, избор од поезијата за деца на Наум Попески, во препев на Душан Ѓуришиќ, доајен на поезијата за деца во Црна Гора (2018)
  • „Златна диплома“ од босанскиот писател за деца проф. д-р Бајрузин Хајро Планјац, во превод на Наум Попески (2018)
  • „Дувни, дувни ветренце“, стихозбирка за деца (2019)
  • Мојот прв албум за природата - Безбедна природа, безбедно детство, стихови на Наум Попески, во издание на Здружение за заштита на животна средина НОВ ИМПУЛС (2019)
  • ,,Тајните на дедовата воденица“, роман за млади од проф..д-р Хајро Плањац, во превод на Наум Попески, рецензент проф.д-р Ферид Мухиќ (2022)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 208.
  2. НМ (2020-12-29). „Од перото на уредниците на „Колибри": Евгенија Шуплинова, Перо Миленкоски и Наум Попески“. Нова Македонија. Посетено на 2023-11-18.
  3. „Вест за Попески“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-02-11.
  4. Спомени во слики[мртва врска]
  5. Вечер за Попески