Прејди на содржината

Натрон (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Натрон (езеро)

Натрон — солено езеро кое се наоѓа во северна Танзанија, во близина на границата со Кенија. Езерото се влева во Саутерн Ивасо Негиро (англиски: Southern Ewaso Ng'iro), едно од богатите минерални езера. Многу е плитко, помалку од 3 м и варира во широчина во зависност од бодостојот кој се менува во текот на годината. Се смета за едно од најнегостољубивите езера во светот.[1] Се наоѓа во близина на вулкански планини, од кои една е активна.[2]

Сателитска слика

Езерото го добило името по хемикалијата што ја содржи, натрон. Станува збор за мешавина од натриум карбонат и натриум бикарбонат. Алкалноста на водата варира од 9 до 10,5. Температурата на водата достигнува дури и до 60 Целзиусови степени.[3]

Живиот свет

[уреди | уреди извор]
Тилапија

Бојата на езерата е карактеристична за оние во кои се јавуваат многу високи стапки на испарување. Како што водата испарува за време на сувата сезона, нивото на соленоста се зголемува. Кората од алкални соли на површината на езерото честопати е обоена во црвена или розеникава боја, што доаѓа од ендемските видови на алги и микроорганизми кои ја сакаат солта.

Езерото е исто така постојано подрачје за одгледување на 2,5 милиони помали фламинга, чиј статус на речиси загрозен вид е резултат на нивната зависност од оваа единствена локација. Кога се зголемува соленоста, бројот на цијанобактерии се зголемува, а езерото може да подржи повеќе гнезда. Овие фламинга, единствено големо јато во Источна Африка, се собираат покрај блиските солени езера за да се хранат со спирулина (сино-зелена алга со црвени пигменти). Езерото се смета за орнитолошки резерват за мали фламинга.[4] Езерото е безбедно место за размножување, бидејќи неговата алкална средина делува како бариера за предаторите кои се обидуваат да стигнат до гнездата на фламингата на сезонски создадените, испарливи острови.[1]

Во езерото живее ендемскиот вид риба Тилапија, која е специфична за езерото Натрон. Солените езера се исклучително погодни за проучување на екосистемите бидејќи во неповолни услови живеат голем број на единки од одредени видови на кои не им сметаат екстремните услови за живот.[5]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 „Необично црвено језеро Натрон“. Pixelizam. 2 August 2013. Посетено на 21. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. ↑ „Информације о Језеру Натрон“. Worldlakes. Посетено на 25. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. ↑ „Невероватно: Афричко језеро које птице претвара у камен“. Званичан сајт Блица. 10 February 2013. Посетено на 20. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. ↑ „Натрон“. Хрватска енциклопедија онланј. Посетено на 25. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. ↑ Vareschi, Ekkehard (1979). „The Ecology of Lake Nakuru (Kenya). II. Biomass and Spatial Distribution of Fish (Tilapia grahami Boulenger = Sarotherodon alcalicum grahami Boulenger)“ (PDF). Oecologia. 37 (3): 321–322. Bibcode:1979Oecol..37..321V. doi:10.1007/BF00347909. JSTOR 4215754. PMID 28309219. Посетено на 26. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]