Натписот на Бранимир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Натписот на Бранимир
Натписот на Бранимир
Натписот на Бранимир
Создаден 888 година
Место Шопот, во близина на Бенковац, Хрватска
Намена Натпис на греда и калкан на темплон

Натписот на Бранимир (хрватски: Natpis kneza Branimira) е најстариот зачуван споменик со натпис кој дефинира хрватски средновековен владетел како кнез на Хрватите - Dux Cruatorum. Натписот првично бил дел од темплон на црква изградена од кнезот Бранимир, кој владеел со Хрватска од 879 до 892 година.

Опис[уреди | уреди извор]

На фрагменти од греда и калкан се наоѓа натпис на латински јазик кој го споменува кнезот Бранимир како: BRANIMIRO COM[ES]… DVX CRVATORṼ COGIT[AVIT] ... ("грофот Бранимир... се смета за кнез на Хрватите..."). Првите два збора се впишани на фрагмент од греда со димензии 67 х 21 сантиметри, а остатокот на фрагменти од калкан со ширина од 74 х 81 сантиметри и должина од 65 сантиметри. Двата фрагменти имаат орнаменти кои се поклопуваат по должината на горниот раб, со крст со хрватски преплет на калканот и пар птици, секоја на една страна од крстот. Фрагментите првично биле дел од темплон во црква завршена во 9 век и посветена на Свети Јероним. Црквата била изградена од Бранимир, кој владеел во 879-892 година. Натписот се чува во Музејот на хрватски археолошки споменици во Сплит.[1][2]

Греда со Натписот на Бранимир

Натписот е значаен за историјата на Хрватска, бидејќи претставува најстар зачуван споменик на хрватски владетел опишан како владетел на една нација и ја содржи најраната регистрирана употреба на називот Хрвати. Постојат уште четири други зачувани камени натписи во кои се споменува Бранимир, најдени во Нин, Ждрапан кај Скрадин, Отрес кај Брибир и во Муќ Горњи во близина на Сплит. Оној кој бил пронајден во Муќ содржи година на осветување, а таа е 888 година.[3][4]

Можно постаро споменување на хрватски етноним се припишува на повелбата на кнезот Трпимир I од 852 година. Сепак, оригиналот е загубен, а зачувана е само копија од 1568 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Natpis kneza Branimira“ [Duke Branimir Inscription] (хрватски). Benkovac Tourist Board. Посетено на 22 October 2011.
  2. Ivan Mužić (2007). Hrvatska povijest devetoga stoljeća [Croatian Ninth Century History] (PDF) (хрватски). Naklada Bošković. стр. 195–198. ISBN 978-953-263-034-3. Посетено на 14 October 2011.
  3. Florin Curta (2006). Southeastern Europe in the Middle Ages, 500-1250. Cambridge University Press. стр. 140. ISBN 978-0-521-81539-0. Посетено на 22 October 2011.
  4. Ivan Botica (November 2006). „Recenzija, Prikaz - Na izvorima hrvatskoga zapadnoeuropskog identiteta, Mirjana Matijević Sokol - Vladimir Sokol (2005)“ [Review - At the Sources of Croatian West European Identity, Mirjana Matijević Sokol - Vladimir Sokol (2005)]. Radovi Zavoda za hrvatsku povijest (хрватски). University of Zagreb, Faculty of Philosophy. 38 (1). ISSN 0353-295X. Посетено на 24 October 2011.
  5. Ivan Mužić (2007). Hrvatska povijest devetoga stoljeća [Croatian Ninth Century History] (PDF) (хрватски). Naklada Bošković. стр. 27. ISBN 978-953-263-034-3. Посетено на 14 October 2011.