Прејди на содржината

Наткасна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наткасна

Наткасна[1] (исто така позната и како ноќно масиче) — мала комода или маса што се поставува или закачува на ѕид покрај креветот, или пак е споено со таблата од главата на креветот.[2]

Конструкција

[уреди | уреди извор]

Наткасната обично се изработува од дрво; горната плоча („капакот“) исто така е дрвена, има пластична обвивка или е заштитена со стакло, а понекогаш и со мермер. Под капакот често има плитка фиока или отворена ниша (понекогаш и двете) за складирање ситници.

Типични размери на наткасна:

  • ширина 0,35 — 0,50 м;
  • длабочина 0,45 — 0,60 м;
  • висина 0,60 — 0,75 м.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Во семејната спална соба се поставуваат една или две наткасни. Во случај на единечни кревети, понекогаш се користи една наткасна меѓу нив; за брачен кревет вообичаено е да се стави по една наткасна на секоја страна. Наткасната може да се закачи и на таблите од креветот или на ѕидот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Наткасните се појавиле во XVIII век во Франција. Првично се користеле за сокривање на нокширот, што било неопходен дел од спалната соба во тоа време.

  1. ↑ „наткасна“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. ↑ „What Millennial Women Really Keep in Their Bedside Drawers“. 6 октомври 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]