Наташа Саад
Наташа Саад (31 октомври 1974 – 24 јуни 2007), позната и како Лил Т, Литл Т, и Наташа — данска раперка и реге изведувач чии вокали во реге-ремиксот на песната „Calabria“ го прославија нејзиното име и првата позиција на Билборд листата за најдобра денс песна.
Живот и кариера[уреди | уреди извор]
Саад е ќерка на данската фотографка Кирстин Саад и татко по потекло од Судан, која започна со пеење на возраст од 13 години во Копенхаген, каде во живо пееше со Мис Микупа и Мекемзи со бендот Ноу Нејм Реквестед. За време на тој период, настапува заедно со Квин Латифа, а истовремено стекнува слава во Јамајка. Во 1998 додека тренирала да стане професионален џокеј, паднала од коњот со што сериозно ја забавила својата кариера.
Смрт[уреди | уреди извор]
Наташа загина на 24 јуни 2007 во сообраќајна несреќа во Јамајка. Другите два патника биле сериозно повредени, но пријателката на Саад, данската пејачка Карен Макупа била речиси и неповредена. Таа и другите повредени биле пренесени во болницата каде што била изјавена нејзината смрт. Несреќата беше прифатена како особено акутна загуба за данската музика како и за забавниот свет, не само поради искрениот и исклучително интересен карактер, туку и поради тоа што имала огромен успех во нејзината кариера. Наташа е погребана на гробиштата Асистенс во Копенхаген, каде што се погребани и Ханс Кристијан Андерсен, Сорен Киркегорд и физичарот Нилс Бор, но сепак претставува и вечен дом за многу други познати личности од 21иот век.
Дискографија[уреди | уреди извор]
Албуми[уреди | уреди извор]
- 2005: Release Album
- 2007: I Danmark er jeg Født
- 2008: Shooting Star објавен по нејзината смрт
Синглови[уреди | уреди извор]
- 2003: „Colors of My Mind“
- 2003: „Real Sponsor“
- 2004: „Summer Cute“
- 2004: „My Dogg /45 Questions“
- 2005: „Op med Hovedet“
- 2005: „Købmanden“
- 2006: „Mon De Reggae“
- 2007: „Calabria 2007“ ( Enur)
- 2007: „Long Time“7" (Sly & Robbie)
- 2007: „Gi' Mig Danmark Tilbage
- 2008: „I Danmark er jeg født “
- 2008: „Better than dem “
|