Прејди на содржината

Наташа Андонова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наташа Андонова
Лични податоци
Роден на 14 декември 1995(1995-12-14)(28 г.)
Роден во Неготино, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина 1.69 m
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Леванте УД
Број 11
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
-2011 ЖФК Тиквешанка 0 (0)
2010 ЖФК Борец Велес 0 (0)
2011-2014 Турбине Потсдам II 12 (7)
2011-2015 Турбине Потсдам 61 (11)
2015-2017 ФК Росенгард 34 (20)
2017 ПСЖ Фемини 7 (0)
2017-2019 ФК Барселона Фемени 43 (7)
2019- Леванте УД Феменино 8 (0)
Репрезентација
2008- Македонија Македонија 28 (14)
* Ажурирано на: 12 јули 2020
** Ажурирано на: 2 октомври 2019

Наташа Андонова (родена на 4 декември 1993 година) — македонска фудбалерка кој е капитен на македонската репрезентација. Таа е помладата сестра на Сијче Андонова, која исто така е македонска фудбалерка. Таа е најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација.

Андонова ја започнала својата кариера во ЖФК Тиквешанка во Македонија. Таа првпат добила меѓународно внимание на Европското првенство до 19 години во 2010 година, на кое домаќин била Република Македонија. И покрај тоа што играла во најслабиот тим во конкуренција, Андонова била прогласена за најдобар играч на турнирот.[1] Дотогаш таа веќе ја претставувала сениорската репрезентација на Македонија.

Во летото 2010 година, Андонова била префрлена во ЖФК Борец, играјќи ја прелиминарната фаза од Лигата на шампионите 2010-11 година, а во зимскиот трансфер период, потпишала за Турбине Потсдам, актуелниот европски шампион, заедно со нејзината сестра Сијце. Таа била промовирана во првиот тим во февруари и истиот месец го одиграла својот прв натпревар во Бундеслигата. Таа го постигнала својот прв гол за Турбине во полуфиналето на ДФБ-Покал против Баерн Минхен.[2]

Таа била втор стрелец на Купот на Бундеслигата во 2011 година со 7 голови.[3]

Во мај 2015 година, Андонова ги напушта Турбине Потсдам, за шведските Damallsvenskan шампиони ФК Росенгард, кои биле барале напаѓачи по заминувањето на Ања Митаг во Париз Сен Жермен.[4]

На 31 јануари 2017 година, Париз Сен Жермен објавиле дека е постигнат договор со Андонова за траен договор до крајот на сезоната во јуни 2017 година. Во ПСЖ, Андонова го носела бројот 15.[5]

Таа не го продолжила договорот со ПСЖ и се приклучила на Барселона во јуни 2017 година.

Андонова го носела бројот 21 со Барселона.

Голови за македонскиот ВНТ во официјални натпреварувања
Конкуренција Ниво Датум Локација Противник Голови Резултат Вкупно
ФИФА Светски куп 2011 година Квалификации 2010–06–23 Прилеп  Словачка 1 1–6 1
УЕФА Европско првенство 2013 Квалификации 2011-03-03 Струмица  Литванија 1 1–1 4
2011-03-05 Струмица  Луксембург 2 5–1
2011–10–26 Прилеп  Грција 1 1–1
ФИФА Светски куп 2015 година Квалификации 2013–09–20 Струмица  Романија 1 1–9 4
2014–06–15 Хаапсалу  Естонија 1 1–1
2014–06–18 Прага  Чешка 2 2–5
  1. „2010: Natasa Andonova“. UEFA. 9 August 2010. Посетено на 9 June 2011.
  2. „Natasa Andonova scored her first goal for Turbine Potsdam“. macedonianfootball.com. 27 February 2011. Посетено на 9 June 2011.
  3. [1][мртва врска] Soccerway
  4. Hardenberger, Martin (18 May 2015). „Här skriver stjärnan på för mästarklubben“. Expressen. Посетено на 5 September 2015.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-06-28. Посетено на 2020-10-05.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]