Наталија Санчез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Наталија Санчез Податотека:Viewimagelj2ip3з
Роден(а)Наталија Санчез Молина (шп:Natalia Sánchez Molina)
Активен(2001-денес)

Наталија Санчез Молина (шп:Natalia Sánchez Molina) е шпанска глумица и пејачка. Позната е по улогата на Марија Тереза “Тете“ Капдевиља во серијата Серанови и е член на групата Санта Хуста Клан (шп:Santa Justa Klan (SJK)). Родена е на 27 март 1990 година во шпанската област Андалузија

Биографија[уреди | уреди извор]

Глумица[уреди | уреди извор]

Своето дебиго имала во 2001 година во филмот Клара и Елена. Пред да ја добие улогата на Марија Тереза “Тете“ Капдевиља во фимот Серанови имала мали улоги во филмовите Compañeros и Periodistas во 2002 година. Сепак е една од една од најпознатите шпански глумици со улогата од серијата Серанови, 2003 година. Играјќи ја тинејџерката Марија Тереза “Тете“ глумела заедно со многу познати Шпански актерски имиња како Антионио Ресинес (Диего), Белен Руеда (Лусија), Хесус Бониља (Сантијаго)... Серијата Серанови се снима и ден-денес. Во текот на својата кариера ги снимила филмовите: Hipnos (2004), Los Recuerdos de Alicia (2005), Los Aires Difíciles (2006) и Los Totewackers (2007), но воглавно тоа беа мали улоги.

Музика[уреди | уреди извор]

За време на снимањето на серијата Серанови во 2005 година настана групата Санта Хуста Клан (СХК)(шп:Santa Justa Klan (SJK)) која ја сочинуваат Наталија Санчез, Виктор Елијас, Андрес де ла Круз, Адријан Родригез. Снимија два албуми: А Toda Mecha (2005) и DPM (2006). Најобри песни од првиот албум беа „A Toda Mecha“ и „De 1 Al 10“, а од вториот беше „Con Angelina Jolie Se Me Va La Olla“. Двата достигнаа голем тираж во Шпанија, а за сите концерти картите бea распродадени.Песните кои Наталија ги пее сама се: „Soy La Cana“ и „Pienso En Ti“, од првиот албум и „Entre Munecas“ и „Besame“, од вториот.

Моментално, иднината на групата е неизвесно. Виктор Елијас ја напушти групата и основал нова група „The Folks“. Исто така се шират гласови дека Адријан Родригез ќе идаде нов соло-албуми, и дека става точка на Санта Хуста Клан.

Сепак по најновите вести изгледа декаСанта Хуста Клан ќе издаде нов албум, а дека Виктор Елијас се враќа, бидејќи отишол во „The Folks“, каде што снимил само три песи, за да им помогне да станат популарни

Кариера[уреди | уреди извор]

Глума[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Website y Fanclub de Natalia Sánchez- Фанклуб вебсајт на Наталиа Санчез Официјален МySpace профил на Наталиа Санчез