Настани во јули

Од Википедија — слободната енциклопедија

1 јули


1097  Започнала Битката кај Дорилеја во текот на Првата крстоносна војна помеѓу Турците Селџуци и крстоносците.
1147  Започнала Опсадата на Лисабон која траела сè до 25 октомври 1147 година. По ова Лисабон бил преземан од страна на португалците и крстоносците.
1520  Тажната ноќ“ (La Noche Triste) — здружените мексиканско-индијански сили, предводени од Ацтеките, ги поразуваат шпанските конквистадори на чело со Ернан Кортес.
1867  Стапил во сила Законот за Британска Северна Америка, со кој се обединиле покраините Канада, Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канадска Конфедерација. Овој датум се празнува како државотворен ден на Канада.
1921  Во Шангај е основана Комунистичката партија на Кина.
1962  Руанда и Бурунди се здобиваат со независност.
1963  Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња - She Loves You - во Велика Британијa.
1979  Сони го патентира вокменот.
1997  Предавање на суверенитетот над Хонгконг од Велика Британија на НР Кина.
2000  Пуштен во употреба Ересундскиот мост помеѓу Данска и Шведска


2 јули


1853  Руската армија врши инвазија врз Турција - започнува Кримската војна.
1934  Завршува таканаречената Ноќ на долгите ножеви, операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини.
1937  Амелија Ерхарт исчезнува над Тихиот Океан додека се обидува да го изведе првиот лет околу светот по екваторот; нејзиното тело никогаш не е пронајдено.
1947  Објект за кој очевидци тврдат дека бил НЛО се срушува во Розвел, Ново Мексико.
1983  Полис го издаваат својот последен албум - Synchronicity, 17 недели на првото место на списокот на најпродавани албуми во САД.
2000  Отворен е Ересундскиот мост, комбиниран дволентен железнички и четирилентен патен мост кој поминува низ Ересуднскиот канал, комбинација од мост и тунел кој ги поврзува Копенхаген Малме. Мостот е еден од најдолгите во светот.
2005  Во рамките на манифестацијата Live 8 се одржуваат десет концерти во различни градови во светот.


3 јули


321  Римскиот цар Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди.
1583  Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј.
1881  Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир.
1900  Полета првиот дирижабл конструиран од Фердинанд Цепелин.
1908  Командантот на турскиот гарнизон во Ресен, Нијази-беј, со неговите единици излегол во илегала, со што започнала Младотурската револуција.
1944  Црвената армија го ослободила Минск, заробувајќи 100.000 германски војници.
1949  Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена премиерата на оператаПродадената невеста“ од Беджих Сметана, а диригент бил Трајко Прокопиев.
1962  По 132 години поминати како француска колонија, Алжир се стекнал со независност.
1973  Во Хелсинки бил отворен министерскиот состанок за подготовка на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КЕБС).
1984  Завршил најголемиот штрајк во историјата на СР Германија, во кој учествувале 550.000 металски работници.
1995  Југославија станала европски кошаркарски првак.


4 јули


1054  Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Бик. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја образуваат Раковидната Маглина.
1776  На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста.
1802  Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
1855  Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен, наречена „Листови трева“.
1862  Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во земјата на чудата“; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка.
1918  Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
1939  Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.
2004  Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.
2012  По 40-годишно трагање, во CERN е откриен Хигсовиот бозон.


5 јули


1687  Исак Њутн ја објавува книгата „Математички начела на природната филозофија“.
1811  Венецуела објавува независност од Шпанија.
1830  Франција го окупира Алжир.
1884  Германија го освојува Камерун.
1946  Во Париз, Франција, за првпат е промовиран новиот женски костум за капење - бикинито.
1954  Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That's All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот.
1962  Алжир добива независност од Франција.
1975  Зелено'ртските Острови добија независност од Португалија.
1977  Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер.
1989  Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide.
2000  Излегува првиот број на дневниот весник „Вест
2006  Парламентарни избори во Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија.


6 јули


1415  Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор.
1535  Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римокатоличката црква.
1885  Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
1908  Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
1928  Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
1943  Во реонот на преспанските села ЉубојноЦарев ДворДолно Дупени преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија во должина од неколку километри.
1957  Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
1964  Малави прогласува независност од Обединетото Кралство.
1966  Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател.
1967  Основана светската библиографска организација OCLC.
2002  Светиот архијерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
2005  Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија.

7 јули


1937  Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.
1969  Во Канада, прифатен е Актот за службен јазик според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик.
1985  Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци.
2000  Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото.
2005  Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци.


8 јули


70  Римјаните го освојуваат и разрушуваат Ерусалим. Единствениот дел што останува од градот е само западниот ѕид на Соломоновиот храм, денес познат под името Ѕид на Плачот.
1497  Португалскиот морепловец Васко де Гама испловува од Лисабон на патувањето кое ќе му овозможи да го открие поморскиот пат кон Индија.
1997  Усвоен Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните установи.
2022  Во Нара извршен атентат врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе додека држел говор на митинг.


9 јули


1816  Во Сан Мигел де Тукуман, денес во Аргентина, започнал со работа Тукуманскиот конгрес кој ја објавил независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина).
1873  Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
1877  Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт.
1922  Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски глумец откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди).
1960  Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал.
1997  Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.


10 јули


1943  Англо-американските трупи, во текот на Втората светска војна се истоваруваат во Сицилија.
1953  Советскиот претседател Никита Хрушчов го сменува министерот за внатрешни работи Лаврентиј Берија, џелатот на Сталинистичките чистки. Подоцна Берија е уапсен, осуден на смрт и стрелан.
1962  САД го лансираа првиот телекомуникациски сателит Телстар-1 за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.
1973  Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење.
1992  Американски суд го осудува поранешниот диктатор на Панама - Мануел Нориега на 40 години затвор поради тоа што дозволил криумчарење на дрога во Панама.


11 јули


1921  Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.
1946  Основана Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).
1979  Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.
1987  Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петмилијардитиот жител на Земјата.
1995  Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.
1995  Околу 8.000 Бошњаци, главно цивили, се убиени од српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ близу Сребреница, Босна и Херцеговина.
2000  Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим.
2008  Кнезот на Хунзите Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, кнегињата Рани Атика, пристигнале во посета на Македонија и биле примени од премиерот Никола Груевски и од архиепископот г.г. Стефан.


12 јули


1784  Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Монголфје, го конструирааат првиот падобран.
1960  Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.
1993  Република Македонија е примена за полноправна членка на Светскиот поштенски сојуз, специјализирана агенција на ООН со седиште во Берн, Швајцарија.
1996  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Авганистан и Малта
2006  Започна Израелско-либанската војна.


13 јули


1822  Грчката војска ја победува турската кај Термопилите во текот на борбата за независност на Грција.
1878  Завршува Берлинскиот конгрес, на кој тогашните големи сили (Германија, Австроунгарија, Русија, Англија, Франција и Отоманското Царство) воспоставуваат нов однос на силите на Балканот.
1930  Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, започнува првото светско фудбалско првенство, на кое домаќинот ја освојува титулата.
1946  При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.
1985  Советскиот скокач со стап Сергеј Бубка, во Париз станува првиот човек во историјата на овој спорт што прескокнал над шест метри.
1985  На лондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ во Филаделфија, САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните во Африка, која ја организираше Боб Гелдоф, најпознатиот рок и поп-музичар во светот, собрани се 60 милиони долари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот.
1987  Едмонтон бил погоден од торнадо во кое загинале 27 луѓе, а околу 300 биле повредени.
1990  Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.
2016  Тереза Меј застанува на чело на Конзервативната партија, станувајќи премиер на Обединетото Кралство по оставката на Дејвид Камерон.


14 јули


1469  Изградена џамијата „Кебир Мехмед Челеби“ во Скопје и наречена по нејзиниот ктитор, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на градот, Јигит-паша.
1789  Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција.
1867  Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за првпат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот.
1933  Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии.
1999  17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот.
2006  Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години.


15 јули


1099  Во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазеле Ерусалим кој бил 461 година под власта на Фатимидите. Градот останал во христијански раце сè до 2 октомври 1187 година кога бил освоен од страна на Саладин и никогаш повторно не бил безусловно во христијански раце.
1556  Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот.
1869  Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен производ кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви на населението.
1965  Американскиот вселенски брод Маринер 4 ги испрати првите снимки од планетата Марс.
1968  На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу СССР и САД. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америкен.
1990  Во Охрид е извршено осветување на новоизградената „Света Троица“.


16 јули


1054  Големиот раскол — поделба на христијанството на католицизам и православие.
1661  Стокхолмската банка ја издава првата банкнота во Европа. .
1885  Воспоставена е британска колонијална власт над Австралија, со исклучок на Западна Австралија.
1940  Адолф Хитлер издал директива за операцијата „Морски лав“ — план за инвазија на Велика Британија.
1945  Проект Менхетен: „Тринити“ — првата проба на атомска бомба.
1969  Испален вселенскиот брод „Аполо 11“ кон Месечината.


17 јули


1204  Во текот на Четвртата крстоносна војна, крстоносците го освоиле Цариград.
1762  Катерина Велика станува царица на Русија.
1862  Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.
1917  Во знак на револт од улогата на Германија во Првата светска војна, кралот Џорџ V издал објава според која британското кралско семејство ќе го носи презимето Виндзор, наместо дотогашното Сакс-Кобург-Гота.
1918  По наредба на болшевиците, рускиот цар Николај II и неговото потесно семејство се стрелани во близината на Екатеринбург, Русија од единиците на Чека.
1936  Почнува Шпанската граѓанска војна.
1942  Почна Сталинградската битка меѓу германската и советската армија — веројатно најголемата битка во Втората светска војна.
1945  Во Потсдам, Германија, се одржала Потсдамската конференција на која се поништени освојувањата на Германија пред и во Втората светска војна, и нејзината територија е поделена меѓу сојузниците на четири окупациони зони.
1965  Американските бомбардери од типот Б-52 од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.
1976  Индонезија го анектира Источен Тимор.
1984  Пуштен советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Космонаутката Светлана Савицка станала првата жена која се „прошетала“ во вселенскиот простор надвор од леталото.
1993  Во Будимпешта, деветте земји-членки на Средноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација.


18 јули


64  Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот цар Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори.
1830  Уругвај го усвојува својот прв Устав.
1846  Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.
1898  Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент.
1925  Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифестМојата борба“.
1936  Шпанска граѓанска војна: востаниците ја заземаат Галисија, западна Кастиља, западна Андалусија и Арагон.
1968  Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел.
1967  Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј.


19 јули


1799  Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите.
1870  Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
1900  Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
1941  Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна.
1943  Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим.
1956  водачите на СФР Југославија, Индија и Египет - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка противблоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји.
1967  Македонската православна црква прогласи автокефалност.


20 јули


1402  Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство.
1903  Произведен првиот сериски автомобил на „Форд“.
1924  Во Париз е основана Светската шаховска организација.
1944  Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот водач Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени.
1969  Месечевото возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод.
2001  Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова од страна на италијанските Карабињери.


21 јули


1542  Папата Павле II донел одлука за основање на инквизиција во Рим.
1798  По победата во Битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарт станува владетел на Египет.
1962  Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на „Радио Скопје“ е променето во „Радио-Телевизија Скопје“.
1983  Во станицата „Восток“ на Антарктикот, измерена е најниската температура на Земјата, која изнесувала -89,2 °C.
1994  Рускиот писател Александар Солженицин пристигнува во Москва по двомесечно патување низ Русија, по 20 години прогонство.
2013  Филип станува крал на Белгија, по абдикацијата на татко му, Алберт II.


22 јули


1099  Прва крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Ерусалимското Кралство.
1456  Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II.
1894  Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс.
1908  Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници.
1933  Американскиот воздухопловец Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути.
1948  Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја.
1962  Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
1992  Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Меделјин, во престрелка со полицијата.


23 јули


1914  Австроунгарија ѝ поставила ултиматум на Србија во врска со атентатот на престолонаследникот Франц Фердинанд во Сараево. Ова било најава за почетокот на Првата светска војна.
1942  Започнал со работа логорот Треблинка.
1942  Во Софија, бугарските власти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист и Атанас Романов, македонски патриот.
1993  Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.
2000  Ленс Армстронг, втора година по ред победува на престижната велосипедска трка Тур де Франс, иако неговите лекари, четири години претходно, го известуваат дека постојат мали шанси да преживее, зашто болува од рак.


24 јули


1148  Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
1534  Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
1715  Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
1823  Укинато е ропството во Чиле.
1908  Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923  Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна го потпишаа Лозанскиот договор, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
1946  Во Тихиот Океан, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1974  По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
2002  Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.
2014  Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак.
2019  Борис Џонсон станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на неговата сопартијка Тереза Меј.


25 јули


1878  Првата кинеска дипломатска мисијa во САД пристигнува во Вашингтон.
1917  Холанѓанката Маргарета Гертруда Целе, попозната како Мата Хари, осудена е на смрт под обвинение дека шпионирала за Германија во текот на Првата светска војна.
1945  Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна (советска), северозападна (британска), југозападна (американска) и западна (француска). Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.
1968  Папата Павле VI им ги забранува на католичките верници сите вештачки методи за спречување на зачнувањето.
1984  Советскиот космонаут Светлана Савицка стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која двапати била во нејзиното пространство.
2017  Рам Нат Ковинд станува претседател на Индија.


26 јули


1953  Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантјаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста.
1956  Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот Канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија.
1963  Катастрофален земјотрес го разурна Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 45 од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.
1996  Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор — Кристофер Хил.
1996  Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.


27 јули


1830  Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска.
1839  Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум.
1981  Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
1989  Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето.
2001  САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.
2014  Здравко Дејановиќ станува првиот македонски освојувач на врвот К2.


28 јули


1821  Перу прогласува независност од Шпанија.
1858  За првпат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи.
1914  Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австроунгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австроунгарија да и објави војна на Србија. Три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција.
1937  Јапонците во текот на Кинеско-јапонската војна го заземаат Пекинг.
1945  Во Скопје излезе првиот број на весникотТрудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.
1976  Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе.


29 јули


1014  Во Битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј II.
1588  Британската флота под команда на Лорд Хавард и Сер Франсис Дрејк ја поразува шпанската Непобедлива армада составена од околу 125 бродови, која во инвазија на Англија ја испраќа шпанскиот крал Филип II.
1940  Почнува воздушната офанзива на Германија на Велика Британија за време на Втората светска војна.
1945  Прогласени се првите народни херои на Југославија од Македонија: Мирче Ацев, Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур и Христијан Тодоровски - Карпош. По неколку дена, на 2 август, за народен херој е прогласен и Кузман Јосифовски - Питу.
1948  Во Лондон се отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна.
1993  Киргистан ја признава Република Македонија.
2002  Основана е Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) под името „Федерација на македонските фармери“.


30 јули


1619  Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално претставничко Собрание. Овој град е прво населено место во Новиот Свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година.
1971  Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината.
1974  Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар.
1975  Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигура мирот во Европа.
1980  Вануату прогласува независност.


31 јули


904  Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство.
1498  Кристифор Колумбо, на своето трето патување во Новиот Свет, го открива островот Тринидад, а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка.
1908  По победата на Младотурската револуција, Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османлиското Царство“.
1941  Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за отстранување на Евреите од Европа.
1945  Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија.
1954  Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот „Годвин Остин“, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата.
1964  Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем дострел на астрономијата по Галилео Галилеј.
2006  На Куба Фидел Кастро му ја предава власта на својот брат Раул Кастро.