Настани во јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

1 јануари:

45 п.н.е.  Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар.
404  Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум.
439  Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период.
1651  Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска.
1801  Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци.
1804  Независност на Хаити од Франција.
1818  Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн.
1880  Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот канал.
1892  Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави.
1901  Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер.
1908  За првпат пуштена топка изработена од кристали и електрични светла плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, отпочнувајќи традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година во градот.
1909  Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов.
1925  Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Предходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година.
1932  Во Виена се одржа првиот Новогодишен концертВиена се одржа првиот Новогодишен концерт.
1942  Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации.
1945  Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“.
1948  Основана е Државната опера на Народна Република Македонија
1959  За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста.
1965  Под водство на лидерот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО.
1982  Перез де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации.
1990  формирана е политичката партија НДП.
1995  Започна со работа Светската трговска организација.
1997  Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
2002  Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија.
2006  Почна примената на Законот за заштита од пушењето.
2007  Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија.
2017  Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН.

2 јануари:

1839  Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината.
1905  Над селото Кнежево, Кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7 јануари истата година.
1946  Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“.
1959  Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советскиот брод без екипаж „Луна I“.
1971  Во Глазгов, за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Селтик“ и „Ренџерс“ загинале 66 навивачи поради уривање на дел од трибината.

3 јануари:

1918  Признаена е независноста на Финска.
1945  Во Скопје започнало да излегува првото детско списание на македонски јазик во Македонија, „Пионер“. Неговите први уредници биле писателот Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.
1945  По наредба на главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, била формирана Командата на градот Скопје.
1961  САД ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас.
2009  Сатоши Накамото го произвел првиот биткоин.

4 јануари:

1992  Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1996  Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.

5 јануари:

1895  Вилхелм Рентген, германски физичар, ги пронајде Х-зраците, подоцна по него наречени „Рентгенски зраци“.
1909  Излегол последниот број на весникот „Единство“, уредуван од Димитар Влахов.
1919  Основана Германската работничка партија (ДАП) — претходник на Националсоцијалистичката германска работничка партија или Нацистичка партија (НСДАП).
1947  Во Белград е одиграно првото „вечно дерби“ меѓу фудбалските клубови „Црвена ѕвезда“ и „Партизан“.
1968  Александар Дупчек станал прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка и со него започнал процесот на внатрешна либерализација, наречен „Прашка пролет“.
1981  Започнала електрификацијата на железничката пруга Скопје-Гевгелија.
1995  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Узбекистан и со Република Молдавија.

6 јануари:

1392  Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад.
1838  Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.
1896  Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер.
1916  Нa Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ.
1945  Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
1992  По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.

7 јануари:

1584  Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар.
1789  По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
1898  По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.

8 јануари:

1198  Инокентиј III станува папа.
1679  Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величенствените Нијагарини Водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција.
1991  Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.
1993  На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ.

9 јануари:

1431  Во Руан, седиштето англиската окупациона влада, започнува судењето на Јованка Орлеанка.
1960  Започнува изградбата на Асуанската брана во Египет.
1991  Претседателството на СФРЈ усвојува наредба со која изричито се бара расформирање на сите нерегуларни вооружени формации на територијата на државата.
1996  Британската новинска куќа Би-би-си почна да емитува програма и на македонски јазик.

10 јануари:

49 п.н.е.  Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција.
1863  Во Лондон, Велика Британија, е отворена Метрополската линија - првата подземна железница во светот.
1920  По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
1975  Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Централна Европа со оние во Данска и во Шведска.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
1996  Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
1996  Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.

11 јануари:

1693  Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.
1897  САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.
1945  Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.
1994  Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
1995  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.

12 јануари:

1915  Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас.
1945  Втора светска војна: Во текот на жестоките борби во Ардените, советските сили тргнаа во голема офанзива против Третиот Рајх. Челичниот валјак брзо ја проби непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите советски тенкови стигнаа до Кистрин и Франкфурт, само 80 километри од Берлин.

13 јануари:

532  Бунтот Ника во Цариград.
1610  Галилео Галилеј го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер.
1785  Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на „Тајмс“ (The Times).
1898  Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на Евреите.
1938  Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет.
1953  Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија.

14 јануари:

1914  Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
1969  Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
1994  Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз.

15 јануари:

1945  Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија.
1945  Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.
1992  Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија.
1992  Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.

16 јануари:

27 п.н.е.  Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Октавијан. Подоцна, сите римски цареви си ја придодавале оваа титула.
1492  Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик ѝ е претставена на кралицата Изабела I.
1547  Кнезот Иван IV Василјевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар.
1605  Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес.
1778  Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
1920  Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
1945  Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна.
1979  Реза Пахлеви, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република на чело со верскиот водач Хомеини.
1996  Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
2020  Михаил Мишустин е назначен за премиер на Русија.

17 јануари:

1377  Грегориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.
1562  На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција
1601  Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид.
1773  Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина јужниот поларен круг.
1912  Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Роалд Амундсен.
1919  Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.
1939  Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
1945  Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска
1948  Основано препријатието за јавен превоз ЈСП Скопје.
1953  Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.
1961  По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.
1991  Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата „Пустинска бура“. Ирак лансира 8 ракети Скад погодувајќи цели во Израел
1995  Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6.433 лица.
1996  Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
1998  Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.
2001  Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик

18 јануари:

1535  Конквистадорот Франциско Пизаро го основал Сјудад де лос Рејес, денешна Лима, како главен град на новоосвоените територии на шпанската круна во Јужна Америка.
1778  Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите.
1871  На иницијатива на премиерот на Прусија Бизмарк, 26 држави се обединиле и го основале Германското царство, на чело со прускиот цар Вилхелм I.
1995  Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.
1996  Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
1997  Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба.
2000  Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.
2002  Поранешниот политички лидер на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.

19 јануари:

1419  Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија.
1806  Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж.
1853  Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим.
1861  Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД.
1899  Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет.
1915  Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето.
1945  Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900.
1966  Индира Ганди станала премиер на Индија.
1969  Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на Вацлавскиот плоштад во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет.

20 јануари:

1265  Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата.
1327  Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III.
1649  Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
1667  По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар.
1921  Прогласен е првиот устав на Турција.
1936  Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство.
1936  Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
1936  Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри.
1941  Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по трет пат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
1945  Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче.
1961  Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43-та година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја.
1970  По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори.
1981  Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
1981  По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници.
1992  Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот.
1996  На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран лидер на палестинскиот народ.
2001  Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција.
2011  На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ — првиот функционален метеоролошки сателит на Русија.
2017  Доналд Трамп станува 45. претседател на САД со силна народна поддршка.

21 јануари:

1793  Откако бил осуден од Француската конвенција, Луј XVI бил погубен на гилотина.
1899  Опел“ го произвел првиот автомобил.
1911  Првото Рели Монте Карло.
1924  Починал Владимир Илич Ленин.
1925  Албанија се прогласила за република.

22 јануари:

1506  Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.
1727  Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство.
1964  Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија).
1978  Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
1990  Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ .
2001  Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.

23 јануари:

1556  Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери (тнр. јаодунг) ископани во растресита глина.
1793  Русија и Прусија си ја поделиле Полска.
1960  Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан.
1968  Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
1973  Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам.
1991  Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ.
2015  Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула.

24 јануари:

41  Римскиот цар Калигула, познат по својата ексцентричност и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна Преторијанска гарда.
1848  Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто.
1946  Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески.
1991  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“.

25 јануари:

1533  Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катерина Арагонска.
1579  Во Утрехт побунетите покраини Холандија, Зеланд, Утрехт, Гелдерланд, Фризија, Гронинген и Оверејсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадале Утрешки сојуз за борба против Шпанија.
1904  Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“.
1918  Со цел да згасне контрареволуционерната побуна создадена е Црвената армија.
1924  Во францускиот град Шамони почнаа првите Зимски олимписки игри.
1942  Втора светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД.
1955  Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.
1971  Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин.
1991  Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија.
1996  Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.
1996  Република Македонија и Белизе воспоставија дипломатски односи.

26 јануари:

1531  Лисабон го погодил катастрофален земјотрес при што загинаале околу 30.000 луѓе.
1788  736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.
1827  Перу прогласи независност.
1841  Прогласена британска сувереност над Хонгконг. По шест дена Кина била принудена да го отстапи на Велика Британија.
1905  Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.
1934  Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.
1942  Втора светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.
1946  Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески.
1950  Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.
1993  Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка.
1994  Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“.
1994  Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународен фонд за земјоделски развој (ИФАД).
1996  Американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.
2015  Алексис Ципрас од Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) станува Премиер на Грција.

27 јануари:

1916  Во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација „Сојуз на спартаковците“, на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт.
1945  Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна.
1995  Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.

28 јануари:

1821  Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
1871  Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз.
1878  Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот.
1918  Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша Декрет за формирање на Црвената армија.
1945  Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
1986  Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.

29 јануари:

1573  Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“.
1963  Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница.
1973  Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент.

30 јануари:

1889  Австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Карл Јосиф Рудолф Хабсбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница, баронесата Марија извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Маерлинг.
1944  На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со припремите за свикување на АСНОМ.
1945  Руска подморница го торпедирала и потопила германскиот брод „Вилхелм Густлов“, преполн со бегалци при што загинале над 9.000 лица. Тоа се смета за најголема поморска катастрофа во историјата.
1948  Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење.
1996  Како прилог на весникот „Вечер“ излегол првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.

31 јануари:

1945  Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.
1958  САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“.
1994  Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
1994  Во Скопје е формирано Друштво на македонско - турско пријателство и соработка.