Настани во февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

1 февруари


1883  Почна изградбата на Панамскиот Канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот Канал. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во XIX век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска поддршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.
1887  Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година.
1924  Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.
1944  Во близина на селото Мрежичко (мариовско) Втората македонска народноослободителна урадна бригада во текот на целиот ден води борба против бугарската гранична единица. Непријателот има 14 метви војници, 3 ранети и тројца исчезнати војници.
1946  Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.
1996  Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.
2003  Шатлот „Колумбија“ се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 космонаути.


2 февруари


1535  Основан е главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
1848  По двегодишна војна во градот Гваделупе Идалго е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.
1932  Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
1994  Чешка Република дипломатски ја призна Република Македонија.
1996  Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар.
2007  Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.


3 февруари


1917  Прва светска војна: САД ги прекинаа дипломатските односи со Германија, откако Берлин соопшти дека ќе започне војна со подморници.
1943  Втора светска војна: Британските авиони го бомбардираа германскиот град Хамбург.
1945  Втора светска војна: Американските авиони исфрлија 3.000 тони бомби над Берлин.
1966  На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без посада „Луна IX“, по што почна да емитува радиосигнали.
1969  Палестинскиот национален конгрес го избра Јасер Арафат за шеф на Палестинската ослободителна организација.
1973  Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Фронтот за национално ослободување на Јужен Виетнам да формираат „Национален комитет за национално помирување“. Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна.
1981  Гро Харлем Брунтланд по оставката на Одвар Нордлиј е избрана за прва жена премиер на Норвешка.
1992  Аргентинскиот претседател Карлос Менем потпиша Декрет за отворање на сите документи за нацистите кои по завршувањето на Втората светска војна пребегнаа во Јужна Америка.
1994  Американскиот претседател Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја.


4 февруари


211  По смртта на царот Септимиј Север, властапреоѓа на неговите двајца раскарани синови Каракала и Гета.
1789  Џорџ Вашингтон е избран за претседател на САД.
1859  Во манастирот „Св. Катерина“ на Синајската Гора во Египет, германскиот теолог Константин фон Тишендорф го открил Синајскиот кодекс — грчки ракопис на Библијата од IV век.
1944  Во селото Никодин (прилепско) бугарската полиција и единиците од прилепскиот гарнизон ја нападнале Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада која марширала кон областа Азот. Бригадата со противнапад го повратила селото нанесувајќи му на непријателот губитоци од околу 20 мртви.


5 февруари


1576  Анри Наварски, подоцна познат како прв бурбонски крал Анри IV, се преобратил од протестант во католик за да си го осигура францускиот престол.
1924  Кралската опсерваторија во Гринич, Англија започнала да емитува радиосигнал за точно време на секој час.
1958  Гамал Абдел Насер, еден од основачите на Движењето на неврзаните, бил избран за претседател на Египет.
1994  За време на војната во Босна и Херцеговина, над 60 луѓе загинале и уште 200 биле ранети на пазарот во Сараево од топовска граната испалена од српските позиции.


6 февруари


1899  На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.
1922  Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петтемина“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.
1943  Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.
1945  Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“.
1992  Република Турција ја призна Република Македонија.


7 февруари


1947  Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна.
1965  Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам.
1991  Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава.
1992  Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ во Мастрихт, Холандија, потпишаа Спогодба позната како Мастришки договор (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија.


8 февруари


1861  Алабама, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Тексас се одвоија од САД и формираа Конфедерација на јужните американски држави. На Конфедерацијата подоцна и се приклучија Арканзас, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси. Поделбата на САД доведе до граѓанска војна (1861 - 1865), што заврши со капитулација на јужните држави.
1994  САД ја признаа Република Македонија.
1996  Република Аргентина ја призна Република Македонија.


9 февруари


1540  Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата современа трка со коњи во светот.
1573  По поразот на востаниците на Матија Губец во Стубичката битка била задушена Селанската буна на хрватско-словенечките селани.
1849  Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за република.
1861  Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александар Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД).
1922  Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство.
1923  Основано советското државно воздухопловно претпријатие „Добролет“ кое во 1932 година го промени името во „Аерофлот“.
1943  Втора светска војна: Почна Битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија.
1944  Во блисина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа.
1945  Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето.
1962  Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1995  Република Македонија и Република Индија воспоставиле дипломатски односи.


10 февруари


2009  Прв судир на сателити над Земјата: се судрија американскиот Иридиум 33 и рускиот Космос 2251.


11 февруари


660 п.н.е.  Според преданијата, царот Џиму ја основал Јапонија. Денес е Ден на државноста на Јапонија.
55  Синот и престолонаследник на царот Клавдиј, Тибериј Клавдиј Цезар Британик, умрел под мистериозни околности во Рим. Неговата смрт го отворила патот на Нерон кон престолот.
1531  Хенри VIII станал поглавар на Англиканската црква.
1919  Фридрих Еберт е избран за прв претседател на Германија.
1929  Со потпишувањето на Латеранскиот договор меѓу папата Пиј XI и Италија, основана е ватиканската држава. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
1945  Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за „ослободена Европа“ и се договорија за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност“ во светот - Обединетите нации.
1990  Нелсон Мандела е ослободен од затворот Виктор Верстер околу Кејптаун, Јужна Африка, каде што поминал 27 години како политички затвореник.
1997  Спејс шатлот „Дискавери“ е лансиран во мисија за поправка на „Хабл“.


12 февруари


1502  Васко Де Гама назначен како адмирал на индискиот океан, со 20 бродови тргнува на второто патување до Индија.
1909  Во САД формирано е Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP).
1944  Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход.
1992  Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска.
1996  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана.
1996  Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.
2001  Почеток на воената криза помеѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА.


13 февруари


1633  Во Рим, Инквизицијата го уапсила италијанскиот астроном Галилео Галилеј, кој подоцна, под закана од смртна казна, бил принуден да се откаже од своето учење за хелиоцентричниот систем.
1895  Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф.
1947  Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи биле: Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.
1961  Советот за безбедност на Обединетите нации реши во Конго да се упатат мировните сили на Светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во таа африканска земја.
2019  Автобуска несреќа кај селото Ласкарци во која загинале 14 луѓе, а многумина биле повредени.


14 февруари


1663  Канада стана француска покраина.
1972  Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се упати кон Месечината. По 11 денови престој, назад донесе примероци од површината на Месечината.
1995  Перуанските власти соопштија дека го зазеле последното упориште на еквадорската војска на својата територија и прогласија едностран прекин на огнот во 19-дневната војна со Еквадор.
1996  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Бангладеш.


15 февруари


1889  Основано Министерството за земјоделство на САД (USDA) како наследник на Земјоделското одделение.
1922  Во Хаг се одржа првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите.
1942  Втора светска војна: Јапонските војници го зазедоа Сингапур и заробија 85.000 британски војници.
1944  Втора светска војна: Средновековниот манастир Монтекасино во Италија, претворен во упориште на германските сили, е бомбардиран од страна на сојузничкото воздухопловство.
1990  Лондон и Буенос Аирес ги обновија дипломатските односи, прекинати во 1982 година, кога Аргентина не успеа да и ги одземе на Велика Британија Фолкландските Острови во Атлантскиот Океан.
1993  Словачкиот парламент го избра Михал Ковач за прв претседател на државата по распадот на Чехословачка.
1994  Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија.
1995  Во Мала Речица е основан Тетовскиот парауниверзитет.


16 февруари


1871  Француската влада потпишала капитулација и акт за примирје со Прусите по загубената војна.
1873  Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот крал Амедео Савојски се откажа од престолот. Меѓутоа, поради разединетоста на револуционерните сили, следната година генерал Серано изврши удар и го обнови монархофашистичкиот систем.
1945  Втора светска војна: Американското воздухопловство започна масовно бомбардирање на Токио.
1959  Фидел Кастро стана премиер на Куба.
1972  Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела.
1978  Кина и Јапонија во Пекинг потпишаа Договор за трговија меѓу двете држави во висина од 20 милијарди американски долари.
1994  Островот Суматра го погодил силен земјотрес во којшто загинале најмалку 200 луѓе.
1994  Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Република Македонија. Ембаргото е укинато на 15 октомври 1995 година.
1996  Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа.
2000  Русија и НАТО ги обновија односите, прекинати во 1999 година поради агресијата на Алијансата врз СР Југославија, соопштено е во Москва.
2001  Во близината на селото Танушевци се случила вооружена пресметка меѓу македонската војска и полиција и припадници на „УЧК“.


17 февруари


1600  На Кампо деи Фјори (денес плоштад) во Рим, бил жив запален Џордано Бруно за ерес.
1867  Првиот брод минал низ Суецкиот Канал.
1904  Операта „Мадам Батерфлај“ од Пучини е премиерно претставена во Миланската Скала.
1946  Во Скопје е основано Здружението на професионалните новинари во Македонија. За прв претседател беше избран Мито Хаџивасилев - Јасмин.
1947  Во Битола почна со работа Нижото музичко училиште, кое во 1962 година прерасна во Средно музичко училиште.
1997  Пакистанскиот претседател Фарук Легари кој во ноември 1996 година ја распушти Владата на Беназир Буто, го наименува Наваз Шариф за нов премиер.


18 февруари


1861  Првиот парламент на Италија го прогласи за крал Виктор Емануел II.
1915  Прва светска војна: Германија со помош на подморници ја започна поморската блокада на Велика Британија.
1945  Во Скопје е отворен Работничкиот дом, прв во Народна Република Македонија.
1952  Грција стана членкa на НАТО.
1952  Турција стана членкa на НАТО.
1960  Аргентина, Бразил, Мексико, Парагвај, Перу, Уругвај и Чиле се договорија да формираат Латиноамериканско здружение за слободна трговија.
1965  Прогласена е независност на африканската држава Гамбија во рамките на Британскиот комонвелт.
1992  Собранието на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонска информативна агенција (МИА) како јавен информативен сервис. Првата вест МИА ја емитуваше на 30 септември 1998 година.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и САД на ниво на амбасади.


19 февруари


1878  Томас Едисон го патентирал фонографот, претходник на грамофонот.
1905  Во Париз излегол првиот број на весникот „Македонија“.
1921  Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.
1945  Започнала големата битка на тихоокеанскиот остров Иво Џима, која се водела меѓу армиите на САД и на Јапонија.
1959  Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар.
1968  Започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“.
1994  Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка.
1996  Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија.
1996  Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.
2021  Порфириј е устоличен како патријарх на Српската православна црква.


20 февруари


1872  Отворен е Метрополитен во Њујорк, еден од најголемите музеи во светот.
1938  Британскиот министер за надворешни работи Ентони Идн, поднесе оставка во знак на протест поради политиката на попуштање на премиерот Невил Чемберлен кон Хитлер. Кога Черчил го презеде раководењето со британскиот кабинет, Идн како министер беше еден од најактивните државници на антихитлеровската коалиција.
1941  Во САД бил промовиран првиот џип од марката „вилис МБ“, наменет за армијата на САД.
1962  САД го лансираа вселенскиот брод „Меркјури Атлас МА-6“ со првиот американски космонаут Џон Глен. Бродот трипати ја обиколи Земјата и се спушти во Атлантикот.
1970  Почнала изградбата на големиот мост преку теснецот Босфор, кој денес е прва директна копнена врска меѓу Балканот и Мала Азија.
1986  СССР ја лансирал вселенската станица „Мир“.
1987  Излегува од печат словенечкиот месечник „Нова ревија 57“ во која се пренесени Прилозите за словенечката национална програма кои претставуваат еден вид одговор на словенечките интелектуалци на Меморандумот на САНУ.
1991  Во Тирана избувнале масовни демонстрации против комунистичкиот режим.


21 февруари


1613  Првиот руски владетел од династијата Романови, Михаил Фјодорович, бил прогласен за цар. Со тоа започнала ерата на династијата.
1795  Холандија ѝ го предала на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан.
1848  Објавен е Комунистичкиот манифест, дело на Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
1916  Започнала Битката кај Верден во Франција, најкрвавата битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци, а во која загинале 700.000 војници.
1925  Излегол првиот број на американското списание „Њујоркер“.
1947  Физичарот Едвард Харвард Ленд од Њујорк ја измислил камерата која веднаш ги развива фотографиите. Подоцна, таа го добила името полароид-камера според фирмата „Полароид“ каде што се произведувала.
1972  Ричард Никсон, допатувал во Пекинг, со што започнала нормализацијата на американско-кинеските односи. Тоа било првата посета на еден американски претседател на Кина.
1986  Излегол албумот на американската хеви-метал група „Металика“ насловен како „Господар на куклите (Master of Puppets)“.
1992  Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на меѓународната хотелска агенција „Евротел“ во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка.
1999  Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на влада на соседната земја по десет години, завршила со потпишување на договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна.


22 февруари


1281  Мартин IV станува папа.
1819  Шпанија ја продава Флорида на САД за пет милиони американски долари.
1862  Во текот на Американската граѓанска војна, Џеферсон Дејвс бил прогласен за претседател на Конфедерацијата на државите на Америка, составена од 11 јужни држави.
1879  Во Јутика, Њујорк, САД, Френк Вулворт ја отвора првата продавница од својот синџир на продавници.
1955  Поради повреда, предизвикана од паѓање од коњ, тенисерката Морин Коноли, позната како „Малата Мо“ се повлекла од тенисот. Таа победила на Вимблдон трипати по ред, во 1952, 1953 и 1954 година.
1979  Карипскиот остров Света Луција стекна независност по 165 години поминати под британска управа.
1980  Израелската влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта.
1980  Хокеарската репрезентација на САД извојува победа над екипата на СССР во финалето на Зимските олимписки игри во 1980 г.
1986  Долгогодишниот претседател на Филипините, диктаторот Маркос бил принуден да ја напушти земјата, под притисок на јавноста.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
2011  Градот Крајстчерч во Нов Зеланд е погоден од катастрофален земјотрес.


23 февруари


303  Царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство.
1905  Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот.
1919  Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија.
1933  Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид.
1941  Откриен е плутониумот.
1945  Втора светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда.
1945  Втора светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми.
1947  Во Женева основана е Меѓународната организација за стандардизација (ISO).
1967  Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите.
1970  Британска Гвајана стекна независност.
1994  На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.
1998  Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво.


24 февруари


1525  Во Битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мускети“, и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
1582  Воведен е грегоријанскиот календар.
1819  Американскиот конгрес го ратификувал договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД.
1882  Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен Кохова бактерија.
1887  Воспоставена е телефонска врска меѓу Париз и Брисел.
1920  Во пивницата „Хофбројхаус“ во Минхен претставена е програмата на Националсоцијалистичката германска работничка партија (НСДАП).
1942  Во рамките на пропагандната војна, Министерството за информации на САД започнало со емитување на меѓународната програма „Гласот на Америка (Voice of America)“.
1945  Втора светска војна: Војската на САД го ослободила главниот град на Филипините, Манила кој бил под окупација од страна на Јапонија.
1946  Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина.
1968  Борците на Виетконг го зазеле Хуе, третиот по големина град во Виетнам.
1971  Алжирските власти соопштиле дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата.
1974  Властите во Пакистан соопштиле дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава.
1987  Слободан Милошевиќ го посетил САП Косово, каде што се состанал со месните Срби. Во текот на неговите разговори со Србите и со месните комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Дошло до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанал на страната на народот, изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
1998  Францускиот парламент едногласно го ратификувал Договорот за сеопфатна забрана за јадрени проби.
2005  Римскиот папа Јован Павле II бил подложен на сложена операција со која во дишникот му бил вграден катетер.


25 февруари


1889  Формиран округот Чавес во Ново Мексико, САД.
1949  Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24.04.1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет „Кирил и Методиј“, а на 12.11.1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи „Свети кирил и Методиј“.
1994  Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија.


26 февруари


1531  Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
1815  Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло.
1848  Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
1901  По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
1909  Отоманското Царство ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
1915  Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен.
1918  Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
1936  Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
1984  Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут.
1987  Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници.
1991  По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји.
1992  Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
1993  Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени.
2004  Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
2008  Пуштена Енциклопедијата на живиот свет.


27 февруари


1844  Доминиканската Република стекнала независност од Хаити
1900  Основан е ФК Баерн Минхен
1900  Основана е британската Лабуристичка партија
1908  Во Битола е основано работничкото просветно друштво „Класно сознание“, кое ги ширело социјалистичките идеи меѓу работниците.
1921  Во Виена е основана Втората и пол интернационала.
1933  Запалена е зградата на Рајхстагот во Берлин.
1967  Доминика добила независност од Британија.
1976  Револуционерното движење „Полисарио“ ја прогласила поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава.
1989  Во Венецуела се случиле масовни немири, познати како Каракасо.
1996  Република Македонија и Република Грција воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.


28 февруари


1825  Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е определена границата меѓу Алјаска и Канада.
1922  Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот Канал.
1934  Основан е Музејот на град Битола.
1948  Последните британски воени единици ја напуштија Индија.
1974  САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи.
1987  на Видовден, Слободан Милошевиќ ѝ се обраќа на публиката на Косово Поле по повод шестогодишнината од Битката на Косово. Некои аналитичари неговиот говор го карактеризираат како официјален почеток на српската националистичка кампања.
1992  Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 „сини шлемови“ во Камбоџа.
1994  Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за првпат директно се вмешаа во босанскиот конфликт.


29 февруари


2012  Завршена радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“ — втора највисока градба во светот.


30 февруари


30 февруари (настани)

31 февруари


31 февруари (настани)