Настани во август

Од Википедија — слободната енциклопедија

1 август


30 п.н.е.  Октавијан (подоцна познат како Август) ја освоил Александрија во Египет.
527  Јустинијан I станал самостоен владетел на Византиското Царство.
1291  Со потпишувањето на Федералната повелба, основана е Швајцарската Конфедерација.
1492  Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастиљска ги протерале Евреите од Шпанија.
1498  Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела.
1834  Ропството е укинато во Велика Британија.
1902  САД ги откупиле правата на Панамскиот Канал од Франција.
1944  Ана Франк го пишува последниот запис во својот „Дневник“.
1960  Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан.
1981  Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура.
2012  Пуштена во погон хидроелектранатаСвета Петка“ на реката Треска.


2 август


338 п.н.е.  Се одвива Битката кај Херонеја во која Филип II Македонски ја остварува својата најголема победа над здружените сили на Атина и Теба.
219 п.н.е.  Во текот на Втората пунска војна се одвива Битката кај Кана, каде картагинската војска, на чело со Ханибал, ја совладува бројно далеку помоќната римска војска.
1903  Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаниште, Мариовско.
1941  Месниот комитет на КПЈ за Битола во градот организира демонстрации во кои членовите на извикуваат „Да живее слобдна Македонија“. Со тоа е оневозможено окупаторот да го искористи празникот на македонскиот народ за сопствени цели.
1941  На бугарско-италијанската демаркациона линија карабињетите ги уапсиле членовите на месниот комитет на КПЈ за Тетово при нивното враќање од Скопје.
1942  Во селото Смилево (во кое во 1903 година е донесена одлука за одржување на Илинденското востание) битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ ја запалил општинската зграда, архива и одржал митинг. Со оваа акција спречена е прославата на Илинден од страна на бугарскиот окупатор на која требало да присуствува бугарскиот министер за внатрешни работи.
1943  Во близина на селото Отешево одржан е проширен состанок на Централниот комитет на КПМ на кој се донесени одлуки за формирање на поголеми воени единици (батаљони и бригади), за започнување на подготовки за свикување на АСНОМ, како и за формирање на повисоки органи на власта.
1944  Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). Во согласност со одлуките на АВНОЈ, Македонија е потврдена како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на чело со Методија Андонов - Ченто (на сликата), а македонскиот јазик е воведен како службен јазик.
1991  Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник Република. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.


3 август


1492  Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка.
1909  Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.
1914  Германија во Првата светска војна ѝ објави војна на Франција.
1936  Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф.
1949  Кошаркарската асоцијација на САД го добива името Националната кошаркарска асоцијација (НБА).
1960  Нигер се стекнува со независност од Франција.
2002  Турција ја укинува смртната казна
2013  Хасан Рухани доаѓа на функцијата претседател на Иран


4 август


1914  Во текот на Првата светска војна, Германија врши инвазија врз Белгија. Како одговор на ова, Велика Британија и објавува војна на Германија. САД објавува неутралност.
1936  Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.
1944  Во Амстердам, Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот Дневник остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна.
1984  Горна Волта го променува своето име во Буркина Фасо.
1993  Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.


5 август


1305  Вилијам Волес, водачот на Шкотите во нивната борба против Англија е заробен од Англичаните во близина на Глазгов и е одведен во Лондон за судење и погубување.
1789  Нецел месец по почетокот на револуцијата, Националното собрание на Франција ги укинало привилегиите на аристократијата и свештенството, со што практично го укинало феудализмот.
1858  Поставен е првиот прекуатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија.
1884  На влезот на њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата.
1962  Затворен е Нелсон Мандела. Од затвор нема да биде пуштен сè до 1990 година.
1974  Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата „Вотергејт“.


6 август


1825  Боливија стекна независност од Шпанија.
1900  Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затворила, а потоа го осудила на робија Даме Груев — еден од водачите на ВМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 г. е амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност.
1903  Напишан е Крушевскиот манифест.
1932  Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот.
1944  Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.
1945  САД ја фрлаат првата атомска бомба, врз Хирошима, Јапонија.
1962  Јамајка се стекнува со независност.
2012  Возилото „Кјуриосити“ (НАСА) слетува на планетата Марс во потрага по знаци на живот.


7 август


1816  Францускиот лекар Рене Ленак го измислил стетоскопот.
1858  Кралицата Викторија Прва ја избрала Отава за престолнина на Канада.
1888  Џек Мевосек го извршил првото од своите убиства во Лондон.
1895  Во Венеција, Италија била отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.
1960  Брегот на Слоновата Коска станал независна држава.


8 август


1786  Мишел-Габриел Пакар и Жак Балма се првите луѓе кои го искачиле врвот Монблан.
1918  Прва светска војна: Започнала Битката кај Амјен во Франција, која била серија на континуирани победи на сојузниците во текот на 100-дневната офанзива, со кои завршила војната.
1938  Започнала изградбата на концентрациониот логор Матхаузен во Австрија, тогаш анектирана од Нацистичка Германија.
1945  Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх. Овој суд ќе го спроведе познатиот Нирнбершки процес.
1966  Битлси“ го издаваат албумот „Револвер“, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според мрежното место Rate Your Music.
1969  Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица Зонд-7 со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа.
1974  Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон соопшти дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател - Џералд Форд.
1976  Американската рок-групаБостон“ го издава истоимениот албум, кој до денес е најпродаван дебитантски албум во историјата.
2001  Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово.


9 август


681  По победата над Византиските војски на царот Константин IV, Аспарух го формирал канството Бугарија на јужниот брег од делтата на Дунав, со престолнина во Плиска.
1173  Започнала изградбата на ѕвоникот на катедралата во Пиза, кој подоцна ќе стане Кривата кула во Пиза.
1842  Потпишан е договорот за источниот дел од границата помеѓу САД и Канада, односно помеѓу државата Мејн од САД и провинциите Квебек и Њу Бранзвик од Канада, со што се окончани долгогодишните погранични судири.
1930  Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Чинии со вртоглавица (англ. Dizzy Dishes).
1942  Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!.
1945  Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.
1969  Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената глумица Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански.
1986  Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури.


10 август


1675  Поставен е камен-темелникот на Кралската опсерваторија во Гринич, денес местото кајшто минува нултиот меридијан.
1792  Француска револуција: Револуционерите во Париз навлегле во палатата Тилери (подоцна запалена и урната во текот на Париската комуна), со што ја окончале монархијата.
1913  Потпишан Букурешкиот мировен договор, со катастрофални последици по Македонија и македонскиот народ. По Втората балканска војна, која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.
1969  Само еден ден по шесте брутални убиства, членовите на култот Чарлс Менсон напаѓаат уште еднаш: овој пат жртви се Лено и Роузмари Лебјанка.
1977  Во Њујорк уапсен е Дејвид Берковиц, попознат како Синот на Сем, сериски убиец кој досега има признаено дека извршил шест убиства.
2000  Според следачот на промената на светското население на www.ibiblio.org, светската популација ја достигнува бројката од 6 милијарди.
2005  Ли Сунг Сеп од Јужна Кореја умира поради преголем замор предизвикан од непрестајно 49-часовно играње на World Of Warcraft и StarCraft.


11 август


480 п.н.е.  Персијците под водство на Ксеркс извојуваат победа над Спартанците под водство на кралот Леонид, чии војници се бореле до смрт, во Термопилската битка.
1918  Прва светска војна: Завршува Битката кај Амјен.
1929  Бејб Рут станува првиот бејзболист во историјата со повеќе од 500 претрчувања.
1934  Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија.
1941  Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата.
1960  Чад прогласува независност.
1966  Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека Битлси се попопуларни од Исус.
1972  Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам.
1999  Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија.
2003  НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО.


12 август


30 п.н.е.  Клеопатра VII, последен владетел на Египет од Птоломејската династија, извршила самоубиство по поразот на Марко Антониј од страна на Октавијан.
1833  Основан е градот Чикаго, Илиноис.
1908  Направен е првиот „Форд Т“.
1914  Прва светска војна: Велика Британија ѝ објавила војна на Австроунгарија.
1945  Основано е Македонското лекарско здружение.
1952  Атомски проби: Советскиот проект за атомска бомба продолжува со детонација на Joe 4, првото Советско термојадрено оружје.
1952  Ноќта на убиените поети: По наредба на Сталин убиени се тринаесет видни еврејски писатели, поети, уметници, музичари и глумци во затворот Љубјанка во Москва.
1960  Лансиран е „Ехо I“ — првиот комуникациски сателит.
1978  Јапонија и Народна Република Кина го потпишале Договорот за мир и пријателство.
1990  Осветен е Соборниот храм на Македонската православна црква во Скопје, посветен на Св. Климент Охридски.


13 август


1624  Францускиот крал Луј XIII го поставува кардиналот Ришелје за премиер.
1792  Француските револуционери ги апсат членовите на кралското семејство само три дена по укинувањето на монархијата и соборувањето на кралот Луј XVI.
1814  Холандија ѝ го отстапува ’Ртот на Добра Надеж на Велика Британија.
1914  Во текот на Првата светска војна, Франција и објавува војна на Австроунгарија.
1923  Мустафа Кемал Ататурк станува прв претседател на Турција.
1961  Властите на Источна Германија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката порта и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западен Берлин. Ѕидот е урнат во ноември 1989 година, по што Германија повторно се обединува.
1964  Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства.
1998  Швајцарските банки и еврејските групи постигнуваат договор со кој се предвидува исплаќање на сума од 1.250.000.000 долари како надомест на жртвите од холокаустот во текот на Втората светска војна.
2001  Потпишан е Охридскиот рамковен договор.


14 август


1457  Гутенберговата печатница во Мајнц ја издава првата печатена книга во боја - „Мајнчки псалтир(на сликата) отпечатена во црвена и црна боја.
1784  На островот Кодијак покрај Алјаска основана е првата руска колонија. Во 1867 година САД ја купуваат Алјаска од Царска Русија за 7,2 милиони долари.
1893  Франција воведува регистрација на моторните возила.
1941  Втора светска војна: Официјално е објавен текстот на Атлантската повелба потпишана од британскиот премиер Винстон Черчил и американскиот претседател Франклин Рузвелт .
1945  Јапонија ги прифаќа условите за предавање на сојузниците во Втората светска војна.
1947  Пакистан добива независност од британската Индиска империја под администрација на Велика Британија и се приклучува на Комонвелтот.
1949  Формиран е Македонскиот фудбалски сојуз.
2009  За 7 часа 42 минути и 32 секунди македонскиот пливачки маратонец Томи Стефановски го преплива каналот Ламанш. По Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година, тој е третиот Македонец што го препливал каналот кој го дели Британскиот Oстров од останатиот дел од Европа.


15 август


1519  Основан е градот Панама, главен град на истоимената земја.
1824  Ослободени американски робови ја основаат Либерија.
1877  Томас Едисон (на сликата) ја прави првата трајна снимка во историјата — „Мери имаше јагненце“.
1947  Индија добива независност од Велика Британија и станува првата независна нација од Комонвелтот.
1960  Република Конго (Бразавил) ја прогласува својата независност од Франција.
1971  Бахреин стекнува независност од Велика Британија.


16 август


1896  Во Јукон, северозападниот дел на Канада, откриено е злато кое поттикнало десетици илјади авантуристи да тргнат во потрага, во тнр. златна треска.
1914  Британскиот експедициски корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна.
1930  Уб Иверкс го прави првиот звучен цртан филм во боја, наречен Fiddlesticks (Бесмислици).
1960  Кипар стекнал независност од Велика Британија.
1960  Џозеф Китингер скокнал со падобран над Ново Мексико на висина од 31.330 метри, со што поставил три сѐ уште актуелни рекорди: највисок скок, најдолг слободен пад и најголема брзина на човек без летало.
1977  Елвис Присли, кралот на рокенролот (на сликата), починал од предозираност со дрога во својот дом во Грејсленд на 42 години.


17 август


986  Во Ихтиманскиот Премин (Трајанова врата), византискиот цар Василиј II претрпува пораз во борба со војската на цар Самоил кој продолжува со нови освојувања сè до 991 година.
1593  Турскиот султан Мурат III ѝ објавил војна на Австрија, која траела 14 години. Војната ја завршува неговиот внук Ахмед I.
1807  Првиот американски пароброд, изработен од Роберт Фултон, тргнува на првото комерцијално поморско патување во светот.
1960  Габон стекнува независност од Франција.
1962  Петер Фехтер станал првата жртва на Берлинскиот ѕид — застрелан е додека се обидувал да ја напушти Источна Германија и да премине на западната страна на Берлин.
1998  Американскиот претседател Бил Клинтон на снимена изјава признава дека имал „неприкладна физичка врска“ со стажистката во Белата куќа Моника Левински.
1999  Земјотрес со сила од 7,4 степени ја погодил Турција, со епицентар 30 km југоисточно од Истанбул, при што загинале над 17.000 луѓе, а над половина милион останале без своите домови.


18 август


1201  Основан е градот Рига.
1572  Во Париз се венчале Анри IV од Навара и Маргарита де Валоа, во обид да се помират католиците и протестантите. Обидот не успеал, бидејќи само неколку дена подоцна се случила Вартоломејската ноќ.
1917  Голем пожар во Солун уништува 32 % од градот и остава преку 70.000 луѓе без покрив над главата.
1943  На Славеј Планина, Дебрца формиран e првиот македонски „Мирче Ацев“; овој ден се слави како Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).
1958  Во САД е објавен контроверзниот роман на Владимир Набоков - Лолита.
1969  Џими Хендрикс, со познатата изведба на химната на САД го затвора фестивалот „Вудсток“.
1992  Лари Берд се повлекува од активно играње кошарка.


19 август


1692  Во Салем, Масачусетс, пет жени и еден свештеник се погубени поради практикување на вештерство.
1960  СССР го лансира во вселената Спутник 5; на него се наоѓаат кучињата Белка и Стрелка, 40 глувци, 2 стаорци и многу различни видови на растенија.
1990  Леонард Бернштајн го диригира својот последен концерт; го заклучува со изведбата на Седмата симфонија на Лудвиг ван Бетовен.
1999  Во Белград, десетици илјади Срби се собираат на протести, барајќи оставка од претседателот Слободан Милошевиќ.


20 август


1953  Советскиот Сојуз јавно објавува дека тестирал водородна бомба.
1968  200.000 трупи на Варшавскиот пакт и 5.000 тенкови вршат инвазија на Чехословачка, со што е задушена Прашката пролет.
1969  Битлси го завршуваат снимањето на Abbey Road; Џон Ленон, Пол Мекартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар за последен пат се заедно.
1991  Естонија се одвојува од Советскиот Сојуз.


21 август


1897  Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902.
1911  Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година.
1944  Во Дамбартон Оукс близу Вашингтон започнала конференцијата помеѓу СССР, САД, Велика Британија и Кина со цел основање на четирите главни органи на ОН, а тоа се Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правда и постојаните секретаријати.
1968  Трупите на членките на Варшавскиот пакт, без Романија, ја окупирале Чехословачка. Околу 200.000 војници ги зазеле сите значајни пунктови во земјата. Со тоа е задушена „Прашката пролет“, т.е. обидот на Комунистичката партија за осамостојување на ЧСР со Александар Дубчек на чело. Со оваа окупација воспоставен е принципот на „ограничен суверенитет“ на источноевропските комунистички земји.
1983  Филипинскиот опозиционен водач Бењино Акино бил убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во САД. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос.
1990  На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за првпат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година.
2000  Словенечкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 км. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни.
2006  Во Нов Зеланд крунисан маорскиот крал Тухеитиа Паки.


22 август


476  Варварскиот водач Одоакар го опустошил Рим и се прогласил за крал на Италија. Со тоа завршило постоењето на Западното Римско Царство.
565  Света Колумба прва го здогледала чудовиштето од Лох Нес.
1642  Чарлс I го нарекол Парламентот „предавници“. Започнала Англиската граѓанска војна.
1846  САД го анектираа Ново Мексико.
1849  Изведен е првиот воздушен напад во историјата: Австрија од беспилотни воздушни балони исфрлила бомби врз Венеција.
1864  Дванаесет земји ја потпишале Првата женевска конвенција. Основан е Црвениот крст.
1911  Откриена е кражбата на „Мона Лиза“, прочуеното дело на Леонардо да Винчи, од парискиот музеј во Лувр.


23 август


1839  Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг кој од 1942 година стана независна колонија.
1866  Завршува Австриско-пруската војна
1914  Јапонија ѝ објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата.
1927  Во Бостон се погубени анархистите Сако и Ванцети, по судскиот процес кој предизвикал доста контроверзии
1939  Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за „запирање“ на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година.
1948  Основан е Светскиот совет на црквите.
1952  Основана е Арапската Лига.
1962  Американскиот телекомуникациски сателит „Телстар“ за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа.
1975  Комунистите ја освојуваат власта во Лаос по долга граѓанска војна.
1990  Ерменија прогласува независност од СССР.

24 август


79  Катастрофална ерупција на Везув - вулкан во Италија. Затрупани се градовите Помпеја и Херкуланеум.
1572  Бартоломејска ноќ во Франција: по наредба на Катерина Медичи, започнал масакрот на хугенотите во кој за неколку недели се убиени помеѓу 5.000 и 30.000 протестанти.
1814  Британските војски го нападнале Вашингтон и ја запалиле Белата куќа и неколку други јавни објекти.
1821  Потпишан е Договорот од Кордоба - денешен Веракрус, со кој Мексико се стекнало со независност од Шпанија.
1891  Томас Едисон ја патентирал камерата за подвижни слики.
1899  Група загрепски научници откриле коски, заби и орудиja на пралуѓето на подрачјето на Крапина, наодите биле значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата.
1912  Алјаска е официјално прогласена за американска територија.
1939  Потпишан е договорот Молотов-Рибентроп за ненапаѓање помеѓу СССР и Нацистичка Германија.
1960  Во Восток на Антарктикот е измерена рекордно најниската температура: −88 °C .
2006  Дефиниран поимот „планета“ од страна на МАС во Прага, Чешка, според кој Плутон е џуџеста планета, а Сончевиот Систем има 8 планети.
2016  Откриена планетата Проксима Кентаур b — најблиската вонсончева планета до нашиот Сончев Систем.


25 август


1831  Во Лондон британскиот научник, физичар и хемичар Мајкл Фарадеј откри дека електрицитетот може да се создава од магнет.
1903  Илинденско востание: Востаниците го нападнаа и ослободија гратчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринската околија. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание.
1944  Во селото Шешково, Кавадаречко, е формирана првата македонска дивизија на НОВЈ, во чиј состав влегоа II, IX и X македонска бригада.


26 август


1071  Во Битката кај Манцикерт меѓу Византија и Селџучкиот султанат, византиската војска доживеала срамен пораз, а царот Роман IV Диоген бил заробен.
1498  Микеланџело бил најмен да ја направи скулптурата „Пиета“. Ја завршил следната година, а денес е сместена во Базиликата Свети Петар во Ватикан.
1789  Во Версај, Уставното собрание ја донесува Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот.
1883  Ерупција на вулканот Кракатау во Тихиот Океан. Како последица на ерупцијата и на создадениот цунами, загинале над 36.000 луѓе.
1922  Турската војска предводена од Мустафа Кемал Ататурк започнала офанзива против грчките сили кај Измир, која довела до целосна загуба на грчките територии во Мала Азија и иселување на околу 1 милион Грци од Турција.
1936  Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал.
1945  Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти.
1972  Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен - Германија кои во историјата, останаа засенети поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и убиството на 11 израелски спортисти.
2005  Туркменистан ја напушта Заедницата на независни држави.


27 август


1944  Била формирана Петнаесеттата Поречка Бригада кај селото Брезница.
1945  По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнаа да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истоварија на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловија во Токискиот Залив. Тоа беше првпат Јапонија да капитулира.


28 август


1929  Рударите од рудникот Лојане, кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија.
1963  Пред околу 200.000 поддржувачи во Вашингтон Мартин Лутер Кинг го одржал познатиот говор за правата на црнците „Имам еден сон“.
1991  Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“.
1996  На православниот христијански празник Успение на Света Богородица во црквата „Света Богородица“ кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.
1996  Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија.


29 август


1189  Банот Кулин во својата Повелба ги дефинира границите на Босна помеѓу Сава, Дрина и Уна.
1289  Основана е Инквизицијата, суд на католичката црква за заштита на верата.
1521  Турците го освоиле денешен Белград.
1526  Турците под водство на Сулејман Величествениот ги победиле Чешко-Унгарско-Хрватските сили на Мохачко поле.
1541  Турците го освоиле Будим, денес дел од Будимпешта.
1782  Еден британски брод потона во близина на пристаништето Портсмут, во Велика Британија, и притоа се удавија повеќе од 1.000 патници и членови на екипажот.
1831  Мајкл Фарадеј ја открил електромагнетната индукција.
1842  Со склучувањето мир во Нанѓинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии, па Кина, по замешувањето и на другите велесили сосема падна под влијание на западните држави.
1885  Готлиб Дајмлер го патентирал првиот мотоцикл.
1898  Основано е претпријатието „Гудјиар“.
1949  СССР го извршил првото тестирање на атомска бомба на полигон во Казахстан.
1995  НАТО ја започнал кампањата „Решителна сила“ против босанските Срби.
2005  Ураганот Катрина уништил поголем дел од крајбрежјето на САД во Мексиканскиот Залив од Луизијана до Флорида, убивајќи над 1.836 луѓе и предизвикувајќи штета од над 115 милијарди долари.
2011  Јошихико Нода е избран за премиер на Јапонија.


30 август


1721  Со склучувањето на Ништанскиот мир помеѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва.
1918  Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти.
1922  Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција.
1990  Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот „Свети Наум Охридски“.
1994  Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија.


31 август


1942  Втора светска војна: Започна Битката кај Алам ел-Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ервин Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот Канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по Битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957  Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962  Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1983  Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово - Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.
1992  Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.