Насмеани очи
Насмеани очи е книга на македонската писателка Татјана Гогоска од 1994 година.
Технички податоци
[уреди | уреди извор]Книгата е објавена од книгоиздателството „Ѕвезда“ од Скопје, во рамки на библиотеката „Ѕвездички“. Рецензенти на ова издание се: Глигор Стојковски и Мишо Китаноски. Книгата има 80 страници, со димензии од 20 сантиметри. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, но нема меѓународна ознака ISBN. Автор на корицата и на илустрациите во книгата е Марија Мачавеловска, лектурата и коректурата се дело на Мишо Китаноски, а комјутерската обработка на текстот ја извршила Ленче Попова. Книгата е отпечатена во печатницата „Даскал Камче“ во Кавадарци. Издавањето на книгата било финансиски помогнато од претпријатието „Хопег“ од Скопје.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата содржи песни и раскази за деца, поместени во три дела: „Очи“, „Неделникот на Елена“ и „Кога бев мала“. Во книгата се поместени следниве песни и раскази:[2]
- Насмеани очи
- Кога ќе бидам голем
- Белите кајчиња
- Камион шарени фустанчиња
- Мама сака да плачам
- Патување со авион
- Сон или
- Како ги допре ѕвездите
- А, Томи чекаше
- Понеделник
- Вторник
- Среда
- Четврток
- Петок
- Зошто растеме
- Сабота
- Прва љубов
- Ѕвездени бои
- Недела
- Кога бев мала