Наследници (роман)
„Наследници“ (англиски: The Inheritors) — роман на британскиот писател Вилијам Голдинг од 1955 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Инспирацијата за романот Голдинг ја црпи од идејата за прогресивноста и еволуцијата на науката. Притоа, од „Кратката историја на светот“ на Х. Џ. Велс го презел епитафот во кој неандерталецот е опишан како дивјак и инфериорен во споредба со хомо сапиенсот. Меѓутоа, во романот на Голдинг, хуманоста и невиноста исчезнуваат заедно со неандерталецот кој е победен од човекот. За ова дело, Голдинг изјавил дека го напишал зашто сметал дека дарвинизмот на Велс е премногу реакционерен, истакнувајќи дека не верува во бајките за еволуцијата, туку дека повеќе ја сака археологијата и да мечтае за невиноста на предадамското суштество. Романот се занимава со деструктивноста на стравот и ужасот од незнаењето, кои заедно ја уништуваат невиноста. Книгата добила блескави оцени од критиката, била прогласена за роман на годината и била споредена со „земјотрес во скаменетите шуми на англискиот роман“. [1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Вера Чаповска, „Кон животот и делото на Вилијам Голдинг“, во: Вилијам Голдинг, Господарот на мувите. Скопје: Наша книга, 1984, стр. 211-212.