Наскоро ќе дојде пропаста на светот
Изглед
„Наскоро ќе дојде пропаста на светот“ (српски: Биће скоро пропаст света) — југословенски филм од 1968 година во режија на Александар Петровиќ. Главните улоги ги играат: Ани Жирардо, Мија Алексиќ, Ева Рас, Драгомир Бојаниќ Гидра итн.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во едно село во Војводина, сопственикот на кафеаната е во кавга со свињарот. За да му се одмазди, кафанџијата со помош на другарите успева да го убеди полупијаниот свињар да се ожени со една девојка со интелектуална попреченост. Во меѓувреме, во селото доаѓа млада учителка во која се вљубува свињарот. Набргу, тој ја убива жена си, а неговиот татко ја прима вината врз себе. Меѓутоа, со текот на времето, селаните го откриваат вистинскиот убиец, го врзуваат во камбанаријата и тој умира распнат меѓу камбаните.
Наводи
[уреди | уреди извор]Категории:
- Филмови од 1968 година
- Српски филмови
- Југословенски филмови
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови на Александар Петровиќ
- Филмови со Ани Жирардо
- Филмови со Мија Алексиќ
- Филмови со Ева Рас
- Филмови со Драгомир Бојаниќ Гидра
- Филмови чие дејствие се одвива во Војводина
- Филмови поврзани со убиства