Насадени камења

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Насадени камења
Побити камъни
Камена пустина, Скаменета шума
Bosque de Piedra, provincia de Varna, Bulgaria, 2016-05-27, DD 73.jpg
„Побитите камења“
Локација Варненска Област, Бугарија
Најблизок град Аксаково
Координати 43°13′35″ СГШ 27°42′24″ ИГД / 
Површина 13 км²
Основан 1937

Насадени камења (бугарски: Побити камъни) (до 29 јуни 1942 година Дикилиташ) - камени формации во Варненската Област во Бугарија.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Насадените камења се наоѓаат на 18 km од Варна, од двете страни на патот ВарнаСофија околу селата Сленчево, Баново и Страшимирово и градот Девња. Распределени се во големи и мали групи на површина од 7 km2.

Опис[уреди | уреди извор]

Претставуваат камени столбови со различна височина – од 5 до 7 m, дебелина – од 0,3 до 3 m. Изгледаат како насадени во песокот и оттаму им доаѓа името. Столбовите се без цврсти основи, шупливи и пополнети со песок. Некои од нив се наоѓаат на катови со вкупна висина од 5 m.

Потекло[уреди | уреди извор]

За нивното потекло има многу хипотези, кои може да се поделат главно во две групи – за нивно органско и за нивно неорганско потекло. Првaта е поврзана со коралните организми. Според втората нивното потекло се објаснува со атмосферското влијание на карпите, односно нивната ерозија, или образувањето на песочно-варовни наслаги. За да бидат заштитени, во 1937 година се прогласени за природна знаменитост. Месноста во која се наоѓаат Насадените камења, е единствена природно формирана пустина во Источна Европа и една од двете природно формирани пустини во Европа. Втората е пустината „Табернас“ во Шпанија.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]