Народна библиотека „Иван Вазов“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Народната библиотека „Иван Вазов“.

Народната библиотека „Иван Вазов“ (бугарски: Народна библиотека "Иван Вазов") ― библиотека сместена во вториот по големина град во Бугарија, Пловдив. Името го носи по познатиот бугарски писател и поет Иван Вазов.

Таа е втората по големина библиотека во државата која содржи повеќе од 1.500.000 книги. Библиотеката е исто така втора најстара во Бугарија, основана во 1879 година. Во 1974 година била преместена во нова зграда јужно од Градската градина. Библиотеката се состои со 134 вработени, вклучувајќи 90 висококвалификувани специјалисти и истражувачи.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]