Народен театар „Иван Вазов“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Народен театар „Иван Вазов“
IvanVazov National Theatre 7.jpg
Општи податоци
ГрадСофија
ЗемјаБугарија
Проектирање и изградба
АрхитектХерман Маер

Народниот театар Иван Вазов е театар кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Овој театар е најстариот во земјата, кој бил изграден по ослободувањето на земјата во 1878 година, и наследник на софиската драмска група Солза и смех.

Во текот на својата историја, во периодот од 1952-1962 година, театарот се викал Крсто Сарафов, а од 1962-1977 и по 1982, Иван Вазов.

Објектот бил изграден до денешната Национална уметничка галерија, по проект на Херман Хелмер и Фердинанд Фелнер. Изградбата била завршена во 1906 година. Во 1923 година, објектот бил опожарен, а по ова повторно бил реновиран во 1929 година. во времето на бомбардирањето на Софија во времето на Втората светска војна, објектот повторно бил во голема мера разрушен, но по крајот на војната бил и повторно реновиран. За последен пат бил реновиран во 2007 година.