Народен симфониски оркестар на полското радио во Катовице

Од Википедија — слободната енциклопедија
Народен симфониски оркестар на полското радио (НСОПР)
Животописни податоци
ПотеклоКатовице,
Полска
ЖанровиКласична музика
ЗанимањаСимфониски оркестар
Период на активност1945 - денес
Мреж. местоnospr.org.pl/english
Членови
Диригент
Александер Либрајх
Директор

Национален симфониски оркестар на полското радио во Катовице — основан во 1935 година во Варшава како Симфониски оркестар на полското радио. Оркестарот го создал и предводел Гжегож Фителберг сѐ до 1939. По војната, во март 1945 година, оркестарот бил оживеан во Катовице преку Витолд Ровицки. Во 1947 година, Гжегож Фителберг повторно станал уметнички директор и оркестарот го усвоил името Голем симфониски оркестар на полското радио. По неговата смрт во 1953 година, оркестарот бил спроведуван од страна на: Јан Кренц, Бохдан Водичко, Кажимјеж Корд, Тадеуш Стругала, Јежи Максимиук, Станислав Вислоцки, Јацек Каспшик, Антони Вит. Во септември 2000 година, раководител и програмски директор станал Јоана Внук-Назаров. Од 2001 до 2007 функцијата на артистичен директор ја исполнувал Габриел Хмура, од јануари местото на артистичен директор го преземал Јацек Каспшик а втор диригент бил Станислав Скровачевски и хоноранен диригент Јан Кренц. Јежи Семков ја имал улогата на уметнички советник до декември 2014 година. На 30 август 2012 година, функцијата на уметнички директор и диригент ја преземал Александер Либрајх. Од 2005 година, НСОПР е организатор на биеналето Фестивал Правиконан-Полска Современа музика.

Седиште[уреди | уреди извор]

Претходното седиште на оркестарот било во Центарот на култура во Катовице, на плоштадот Шлески Сејм 2. Од 1 октомври 2014 година, НСОПР е преместен во нова зграда на плоштадот Војќех Килар 1. Зградата е изградена во износ од 305 милиони злоти вклучувајќи и субвенции од Европска Унија во износ од 146 милиони злоти. Новата зграда има две концертни сали со 1.800 седишта и 300 ВИП седишта.