Народен музеј (Велес)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Народен музеј Велес)
Л.У. Народен музеј Велес

Народен музеј Велес е музеј во градот Велес[1]. Л.У. Народен музеј Велес претставува културно просветна и научна установа чија примарна цел е музејската дејност на територијата на Општина Велес и општините Чашка и Градско. Музејот доследно ја остварува својата дејност согласно законските надлежности со целосна примена на одредбите од Законот за музеите и Законот за заштита на културното наследство. Во рамките на својата основна музејска дејност работењето на Музејот е насочено кон систематско истражување, собирање, откупување, средување, стручна и научна литература, обработка и проучување, конзервирање на движниот археолошки материјал, чување, објавување и презентација на музејскиот материјал и предмети од значење за археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста.

Историја[уреди | уреди извор]

Народен музеј Велес е формиран на 24.03.1946 година, по иницијатива на Гимназискиот професор Ѓорѓи Милошев – Г. Г. Гаврил[2] и бил сместен во просториите на Гимназијата „Кочо Рацин“. Првата музејска постановка на Градскиот народен музеј, била отворена на 26.05.1946 година. Во 1955 година е основан Народниот музеј во Велес, а со значително збогатување на музејскиот фонд се појавила и потребата од поголем објект и во 1967 година Музејот започнал да функционира во зградата на околискиот одбор која изградена во 1926 година, каде што се наоѓа и денес и располагала со богат музејски фонд, а меѓу познзачајните музејски експонати биле книгата „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ од 1816 година, „Еврејското учение“ од 1838 година, оригиналните ракописи на Ј.Х.К- Џинот, Кочо Рацин, археолошки предмети од Стоби и др. Во февруари 1951 година Музејот станува Околиски и ја покривал територијата на цело Повардарие и Дојран. Во март 1953 година кога Музејот добил простории во центарот на градот во куќата на Пенини, предметите во поголем дел се пренесени во сталната поставка тоа биле околу 3.000 предмети и Лапидариум, а дел од нив се однесени во МАНУ. По расформирањето на Околиите во 1965 година, Музејот станува Градски музеј на град Велес и е сместен во просториите во кој и денес се наоѓа.

Одделенија[уреди | уреди извор]

Во склоп на музејот делуваат и функционираат во археолошко, етнолошко, историја на уметност и историско одделение со поставки на трите спрата во музејот.[3]

Исто така под јурсидикција на Музејот се и следниве надворешни единици: Спомен куќа на Коста Солев – Рацин, Спомен куќа на Васил Главинов, Спомен костурница на паднатите борци од Велес и Велешко во НОБ и Меморијалниот музејски комплекс во с. Горно Врановци. Исто така дадени на управување од Локална смоуправа се и Ликовниот салон, Куќата на Касапови и Куќата на Ј.Х.Џинот. Спомен собата на П.П.Арсов и спомен собата на поетот и револуционер Коле Неделковски во с.Војница се во надлежност на Општина Чашка, но поставките се подготвени од Музејот.

Археолошко одделение[уреди | уреди извор]

Археолошкото одделение во ги опфака праисторија, антика и среден век. Основната дејност на археолошкото одделение е истражување,прибирање конзервирање на движниот археолошки материјал, чување, објавување и презентација на музејскиот материјал и предмети од значење за археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста, презентација и публикација на археолошкиот материјал, кој континуирано е прибиран по пат на теренски истражувања (рекогносцирање и ископувања), подарок или откуп.

Историско одделение[уреди | уреди извор]

Историската постаствка во музејот го опфаќа периодот од средината на 19-тиот век па сè до ослободувањето (09.11.1944) и изградбата на нашата држава, повоената изградба и економскиот развој на градот Велес. Збирката е претставена преку фотографии, документи, и предмети (оружје и воена опрема).[4]

Етнолошко[уреди | уреди извор]

Етнолошката збирка содржи предмети кои го карактеризираат севкупното живеење во Велес и неговата околина. Збирката[5] е претставена преку предмети (народни носии,предмети за домаќинство,накит и др.) од Велес и неговата поширока околина. Во поставката може да се види реконструкција на стара селска просторија, и просторија од градска куќа.

Одделение на историја на уметноста[уреди | уреди извор]

Во одделението на Историја на уметноста поставени се фотографии, макети и ликовни дела, цртежи и графики од ликовни уметници од Велес со карактеристичната стара градска архитектура на градот Велес. (На истиот спрат со одделението за Историја, како посебна просторија)

Градба[уреди | уреди извор]

Зградата во која се наоѓа музејот е во централното грдско подрачје на улица 8-ми Септември Бр.22. Таа е цврста градба. Зградата каде што се музејските поставки била изградена 1926 година и била Општинска зграда. До 1967 била во сопственост на Околискиот одбор на град Велес а од 1967 е доделена за музејски објект.

Поставки[уреди | уреди извор]

Музејот има 3 спрата кои се временски разграничени.Историја на Уметноста, Археологија и Етнологија со поставки на трите спрата во музејот.[6] На првиот спрат е поставка од Археолошкото одделение со поставени артефакти од праисторијата до среден век. Изложени се различни предмети за домаќинство и орудија за работа пронајдени во времето на неолитот, бронзеното, железното време, раната антика, римскиот период и ренесансата. На вториот спрат се поставките од Историја и историја на уметност каде се поставени фотографии од историјата, старата велешка архитектура, оружје и други предмети. Најинтересна на овој спрат е поставката на оружјето од Илинденско востание. На третиот спрат е етнолошкото одделение.Таму се поставките на селската и градската куќа, народни носии, накит и сл.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Список на музеи во Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Локална установа „Народен Музеј". Општина Велес. Посетено на 2022-03-02.
  2. „Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил II“. Википедија. 2021-11-18.
  3. „Структура на музејот – Muzej Veles“. muzejveles.mk. Архивирано од изворникот на 2022-03-02. Посетено на 2022-03-02.
  4. „Историја – Muzej Veles“. muzejveles.mk. Архивирано од изворникот на 2022-03-02. Посетено на 2022-03-02.
  5. „Етнологија – Muzej Veles“. muzejveles.mk. Архивирано од изворникот на 2022-03-02. Посетено на 2022-03-02.
  6. НМ (2021-10-09). „Народен музеј - Велес“. Нова Македонија. Посетено на 2022-03-02.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Службено мрежно место