Нарконон
Податотека:En:Narconon logo.gif | |
Основана | 1966 |
---|---|
Вид | Програма за рехабилитација од дроги |
Седиште | Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Претседател | Кларк Кар (Clark Carr) |
Мреж. место | narconon.org |
Нарконон (анг. Narconon) е рехабилитациона програма за корисници на наркотични средства развиена од страна на Л. Рон Хабард, основачот на новото религиозно движение скиентологија.[1] Нарконон е со седиште во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија[2] и управува неколку десетици станбени центри ширум светот, главно во САД и Западна Европа, но исто така и на Балканот каде работи под името „Нарконон Балкан“. Нарконон е субсидиерна компанија на Здружението за подобар живот и образование (анг. Association for Better Living and Education—ABLE), скиентолошка корпорација на која Нарконон плаќа 10% од бруто-приходот.[3]
Нарконон е опишан од страна на многу новинари, критичари, и поранешни пациенти на Нарконон како фронт-група (т.е. огранок) на Црквата на скиентологијата.[4][5][6][7][8][9][10][11][12][13][14] Нарконон нуди наводен рехабилитационен третман за корисници на наркотични средства како и предавања против дрогата. Двете програми ја промовираат идеологијата на Л. Рон Хабард, и ниедна од нив не се смета за валидна од научната или медицинската заедница.
Програмата има привлечено значителни контроверзии како резултат на своето потекло од скиентологијата и своите методи.[9][15][16] Рехабилитациониот третман е опишан како „здравствено небезбеден“,[17] „шарлатанство“[5][11][18] и „медицинска измама“.[19] Академските и медицинските експерти ја отфрлаат образовната програма на Нарконон бидејќи содржи „фактички грешки кај основните концепти како што се физичките и менталните ефекти, зависноста, па дури и кај правописот“.[20]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Duff, John S.; Clark Carr (1996-09-21). "Healing drug and alcohol addiction in the family". New York Amsterdam News. p. 24.
- ↑ "Narconon International Contact Info." Narconon. Посетено на 25 December 2010. "Narconon International 4652 Hollywood Boulevard Hollywood, CA 90027 ."
- ↑ "Narconon license agreement". Narconon International. Association for Better Living and Education. Archived from the original on 18 March 2005.
- ↑ "Drugs charity is front for 'dangerous' organisation; Insight; Focus". Sunday Times. 7 January 2007.
- ↑ 5,0 5,1 Robert W. Welkos; Joel Sappell (27 June 1990). "Church Seeks Influence in Schools, Business, Science Архивирано на 23 октомври 2012 г.". Los Angeles Times. Retrieved 13 September 2012.
- ↑ Marshall, John (24 January 1980). "The Scientology Papers / Hubbard still gave orders, records show". The Globe and Mail.
- ↑ A Turning Point in our History". International Scientology News. 27 May 2004.
- ↑ "Creating a New Civilisation: YOUR ROLE". wise at work. 2005. p. 14.
- ↑ 9,0 9,1 "Scientology Presents Narconon Programme Архивирано на 4 март 2016 г.". Westlake Post. 30 April 1970.
- ↑ Reitman, Janet (2011). "The Celebrity Strategy" (Hardback). Inside Scientology: The Story of America's Most Secretive Religion. Houghton Mifflin Harcourt Publishing Company. p. 257. ISBN 978-0-618-88302-8. Retrieved 7 September 2012.
- ↑ 11,0 11,1 Kyle Smith (20 April 2007). "DON'T BE TRICKED BY $CI-FI TOM-FOOLERY". New York Post.
- ↑ Richard Behar (6 May 1991). "The Thriving Cult of Greed and Power". TIME Magazine
- ↑ Malcolm Knox (September 2009). "Only Itself to Blame: The Church of Scientology". The Monthly. Retrieved 14 September 2012.
- ↑ "What Germans think about their Narconon". Der Spiegel. 21 October 1991.
- ↑ "NARCONON to give awards". The Phoenix Gazette. 19 May 1970. Retrieved 6 September 2012.
- ↑ "The Four Basic Social Programs". The Hawaiian-American. 17 December 1975. Retrieved 6 September 2012.
- ↑ Farley, Robert (30 March 2003). "Detox center seeks acceptance". St Petersburg Times.
- ↑ "30 arrested in Paris crackdown on Scientologists". Agence France-Presse. 14 January 1992.
- ↑ Abgrall, Jean-Marie (2001). Healing Or Stealing?: Medical Charlatans in the New Age. p. 193. ISBN 1-892941-51-1. Retrieved 24 September 2012.
- ↑ Asimov, Nanette (2 October 2004). "Church's drug program flunks S.F. test / Panel of experts finds Scientology's Narconon lectures outdated, inaccurate". San Francisco Chronicle. Retrieved 7 September 2012.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |