Нараснато тесто

Нараснато тесто е она тесто кое покрај брашно содржи и лебен квасец, така што тестото под дејство на квасните габи (кои во течноста — млеко или вода со можен додаток на шеќер — испуштаат јаглерод диоксид на соодветна температура) нараснува и станува пенесто. Квасецот кој се додава може да биде свеж пекарски квасец или сушен, пакуван во вреќички. За колач или леб од 500 g брашно, треба 30-40 g квасец, меѓутоа количеството на квасец зависи и од тежината на тестото, односно додатоците како што се зашеќерено овошје или маснотии.
Типови нараснато тесто[уреди | уреди извор]
Тешко нараснато тесто[уреди | уреди извор]
Основните состојки на тешкото нараснато тесто се поголемата количина на маснотии (путер или маргарин), шеќер, јајца и брашно. Најпрво на брашното се нанесува квас (смеса од од квасецот, малку топла течност и шеќер), па 15 минути се остава на топло место да нарасне, а потоа квасец се додава на преостанатото брашно и се замесува мазно тесто, со гмечење и удирање на тестото. Тестото најдобро се меси со раце, бидејќи се осетува неговата влажност и цврстина, па според потребата му се додава брашно. По мешањето, тестото повторно се посипува со брашно, се покрива со крпа и се остава на топло место да нарасне и да го удвои обемот. Потоа тестото се обликува по желба, полни со фил или украсува и подготвено за печење одново се покрива со крпа и се остава уште еднаш да нарасне, а се пече во рерна или фурна.
Од тешко нараснато тесто вообичаено со подготвуваат: леб, најразлични штрудли (со ореви, со мак, со мармалад), сирењаци, млечни кифли и сл.
Лесно нараснато тесто[уреди | уреди извор]
Крофните се подготвуваат од многу лесно тесто и се пржат во длабоко загреана маснотија.
Течно нараснато тесто[уреди | уреди извор]
Мешаното нараснато тесто има поголем удел на течност и јајца, течно е и не треба долго да се меси, но и невозможно е да се обликува, па се пече во калапи каков што е куглоф.
Литература[уреди | уреди извор]
- Vladimir Katanec, Kuharstvo 2, Školska knjiga, Zagreb, 1997. godine, ISBN 953-0-20808-1
|