Нараквица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нараквица од Иран

Нараквица (се среќава и како гривна, белезија, белезица и бразлетна[1]) — украсен предмет, вид накит, кој се носи околу зглобот на раката. Зборот „бразлетна“ потекнува од францускиот збор bracelet (латински: brachiale). Најчесто се изработуваат од благородни метали: злато, платина, сребро, од некои легури на благородни метали или од бисери и скапоцени камења. Белезиците можат да бидат со или без украсни додатоци — приврзоци.

Покрај од горенаведеното, белезици можат да се изработуваат и од: школки, украсни парчиња од резбарено дрво, уметничко стакло, парчиња од разнобојна пластика, разнобојни каменчиња и други материјали (бижутерија). Вредноста на белезицата може да биде голема доколку е скап материјалот од кој е изработена или ако је изработена како уметничко дело (во зависност од уметничката вредност и работата на уметникот кој ја направил белезицата). Белезиците се изработуваат и продаваат од кујунџии или златари, а во поново време се произведуваат индустриски или во студија (по нацрти на модни творци).

Освен белезици, во најупотребуван накит спаѓаат обетки, ѓердани, прстени и други.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Синоними за белезица на семрежното место на ДРМЈ

Литература[уреди | уреди извор]