Напреј застава славе
макед. Напред, знаме на славата | |
---|---|
![]() | |
регионално химна на ![]() Химна на Песна на Химна на ![]() | |
Текст | Симон Јенко, 1860 |
Музика | Даворин Јенко, 1860 |
Усвоена | 1860 (химна на словенечкта нација) 1919 (дел од химната на кралството Југославија) 1995 (од Словенечки вооружени сили) |
Укината | 1941 |
Звучен извадок | |
"Naprej, zastava slave" | |
Следна | "Здрављица" |
„Напреј застава славе“ (сло: Naprej, zastava slave) - химна на словенечката нација, напишана во 1860 година, и накратко се користела како национална химна на СР Словенија до 1989 година. Сега се користи како официјална службена песна на словенечките вооружени сили.
Текст и музика
[уреди | уреди извор]Во песната станува збор за момче кое одело да ја брани својата татковина, ставајќи ја пред себе повеќе отколку мајка му или саканата. Како таква, представувала патриотска регрутирна песна. Тоа било првата словенечка литература што била преведена на англиски јазик. Текстот првично го напишал Симон Јенко, а потоа го подобриле заедно со неговиот братучед Даворин Јенко, кој исто така ја напишал и музиката. Поемата првпат била јавно испеана со голем успех пред големата словенска публика на 22 октомври 1860 година, а првпат била објавена во Словенски гласник на 1 декември 1860 година. Во 1863 година од Радослав Разлаг била преименувана во "Напреј застава славе". Во 1885 година, таа станала првата песна на словенечки преведена на англиски јазик, под наслов „Со знамето на Слава, напред!“ Преведувачи биле Андреј Јуртела, првиот предавач по словенски јазици на Универзитетот во Оксфорд и англискиот новинар Алфред Лојд Харди, кој имал голем интерес за музиката и за словенската култура. Тој ја аранжирал мелодијата на Даворин Јенко за пијано, напишал интерлинеарен превод и го објавил како литографија со независна публикација.
Поемата првично била насловена „Напреј“ („Напред“) и била наместена во гостилница во виенскиот Пратер од Даворин Јенко, кој бил лут поради однесувањето на германците кон Словенеците, на 16 мај 1860 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Дел од државната химна на Кралството Југославија
[уреди | уреди извор]По формирањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, првата и последната строфа од песната била вклучени во југословенската национална химна како нејзин трет дел, во мешаница вклучувајќи ја и српската етничка химна „Боже правде“ и хрватската песна „Лијепа наша домовино". Уште порано, за време на борбата за северната граница, поемата била испеана од војниците на Мајстер во ноември 1918 година.
Словенечките партизани и територијалната одбрана
[уреди | уреди извор]Во Втората светска војна „Напреј застава славе" била воведната мелодија на радио станицата Кричач, емитувана од Словенечкиот ослободителен фронт и била дел од утринскиот и вечерниот поздрав на знамето од страна на словенечките партизани. Со формирањето на СФР Југославија во 1946 година, кралската југословенска химна била заменета со „Еј, Словени“. Првиот повоен устав на НР Словенија и уставот, усвоен во 1963 година, не прецизирал регионална химна. „Напреј, застава славе“ се користела на официјални јавни настани и на државни празници од почетокот на 1970-тите. Во 1989 година била заменета со „Здрављица“.
Бидејќи повикува на одбрана на татковината, се свирела од 1992 година за време на свечени настани и церемонии за полагање заклетва во словенечката територијална одбрана во согласност со нацрт -Правилата за служба во територијалната одбрана, усвоени на 15 април 1992 година.
Тековна улога
[уреди | уреди извор]Тоа е актуелната химна на словенечките вооружени сили врз основа на владин декрет од 1995 година. Се свирела(само ретко се пеела) за врховниот командант, односно претседателот на Словенија. Меѓутоа, претседателот имал право да ја делегира оваа функција на друг словенечки државјанин.
Текст
[уреди | уреди извор]Словенечки оригинал | Македонски превод |
---|---|
Refren: |
Рефрен |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Химна на словенечките вооружени сили . Музика и текст. Маршови09. YouTube. 3 август 2010 година. Преземено на 3 март 2012 година.