Наполитана (пица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наполитана
Земја на потеклоИталија
Cookbook: на Викикниги 

Наполитана — вид на пица која се прави од домати и сирење моцарела. Доматите мора да бидат домати Сан Маркано (San Marzano), кои се одгледуваат на падините на планината Везув, и сирењето мора да биде Бафало моџарела, заштитен вид сирење направено од млеко на полудиви биволи одгледувани во мочуриштата на Кампанија и Лацио.[1]

Пицата Наполитана има заштитено географско потекло во Европската Унија (Traditional Speciality Guaranteed, TSG), а уметноста на неаполските мајстори за пица (pizzaiuola) била впишана на списокот на УНЕСКО за нематеријално светско наследство во Европа во 2017 година. Уметноста на правење на оваа пица е кулинарска практика која се состои од четири различни фази кои се однесуваат на подготовката на тестото и неговото печење во рерна на дрва, и потекнува од Неапол, главниот град на регионот Кампанија.[2]

Маргарита

Одлики[уреди | уреди извор]

Пицерија во Неапол Интернационале, фотографија од околу 1910 година.

Оригиналната неаполска пица се прави од пченично брашно (тип 0 или 00), природен неаполски квасец или пивски квасец, сол и вода. За подобри резултати, треба да се користи остро брашно со висока содржина на белковини, за пециво, а не за колачи. Вештината се состои од четири фази на подготовка и печење тесто, кои вклучуваат кружни движења на пекарот.[2] Тестото се меси со рака или со многу бавен миксер. Откако ќе нарасне некое време, тестото се обликува со рака и не смее да биде подебело од 3 мм. Пицата се пече 60-90 секунди на 485 °C на дабово дрво. Кога се испече, треба да биде мека, еластична, нежна и крцкава.

Постојат неколку видови на неаполска пица, но оригиналната пица е Маргерита, во која основните состојки се домати, исечена моцарела, босилек и екстра девствено маслиново масло, понекогаш попрскано со сирење пармезан. Друга верзија е пица маринара направена со домати, кромид, оригано и екстра девствено маслиново масло.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Selezione geografica", Europa.eu.int, 23. veljače 2009. (arh.)
  2. 2,0 2,1 Art of Neapolitan ‘Pizzaiuolo’ UNESCO-ovim službenim stranicama (англиски) Преузето 2. августа 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]