Напалм
Напалм ― запалива смеса од врзиво за згуснување и испарлива петрохемикалија (најчесто бензин или дизел-гориво). Името е стопеница од двете оригинални средства кои се користеле за згуснување и желатинирање: ко-таложени алуминиумски соли на нафтенска киселина и палмитинска киселина.[1] Напалмот за прв пат бил развиен во 1942 година во тајна лабораторија на Универзитетот Харвард од тим предводен од хемичарот Луис Физер за потребите на американската служба за хемиско војување .[2] Тој требало да се користи во кампањи за огнено бомбардирање за време на Втората светска војна; можноста на напалмот да се исфрла на големи растојанија (наместо само фрлање на огнена топка од чист бензин) придонело тој да најде широка примена и кај пешадиските пламенофрлачи.
Напалмот гори на температура[3][4] од 800 до 1,200 °C. Гори подолго од бензинот, полесно се распрснува и се насочува кон целите. Ваквите карактеристики го прават и ефективен и контроверзен. Многу често се употребувал во напади од воздух и од земја, а најмногу се употребал во вид на фрлени бомби во Втората светска војна во воздушните напади врз јапонските градови во 1945 година. Се користел и како блиска воздушна поддршка во Првата војна во Индокина, Алжирската војна, Корејската војна и Виетнамската војна. Напалм, исто така, се употребувал и кај пламенофрлачи (поставени на тенкови, бродови или користени од пешадија) во Втората светска војна, и на тој начин им овозможил многу поголем дострел и бил често користено оружје за урбано војување од двете завојувани страни во Втората светска војна.
Развој
[уреди | уреди извор]Употребата на оган во војувањето има долга историја. Се претпоставува дека грчкиот оган, кој се нарекува и „леплив оган“ (πῦρ κολλητικόν, pýr kolletikón) се базирал на нафта. Развојот на напалмот бил забрзан преку употреба на желатинеста смеса на бензин од страна на сојузничките сили за време на Втората светска војна.[5] :F57Советите, односно Црвената армија, уште во 1939 година употребувале алуминиумски соли на органски киселини за изработка на запаливи вискозни смеси.[6] Латексот, кој се употребувал во овие рани форми на запаливи средства, станал оскуден бидејќи јапонската армија ги зазела плантажите со природна гума во Малаја, Индонезија, Виетнам и Тајланд.
Недостигот на природна гума ги поттикнало хемичарите во американските компании и научниците од Харвард да создадат алтернатива: вештачка гума за сите намени. Тим хемичари предводени од Луис Физер на Харвард биле први кои развиле синтетички напалм во 1942 година.[7]
На 4 јули 1942 година, бил спроведен првиот тест на фудбалско игралиште во близина на бизнис школата Харвард.[8] Тестовите под оперативни услови биле спроведени на полигонот Џеферсон на наменски изградени фарми, а потоа и на полигонот Дагвеј на згради дизајнирани и конструирани да ги пресликуваат оние што се наоѓаат во германските и јапонските градови.[9][10] Оваа нова мешавина на хемикалии била често користена од Американците за време на Втората светска војна во вид на огнени бомби и во пламенофрлачи, по нејзиното прво распоредување во Папуа Нова Гвинеја на 15 декември 1943 година.[11]
Од 1965 до 1969 година, Dow Chemical Company произведувала напалм за американските вооружени сили.[11] По објавувањето на извештаите за смртоносните и обезличувачки ефекти на напалмот, Dow Chemical се соочила со бојкот на нивните производи.[12][13] Во меѓувреме, напалмот станал симбол за Виетнамската војна.[14]
Воена употреба
[уреди | уреди извор]Напалмот прво се употребувал во вид на бомби, а потоа и како гориво за пламенофрлачи.[15]
Прва евидентирана стратешка употреба на напалм-запаливи бомби била за време на нападот на Воздухопловните сили на САД (USAAF) врз Берлин на 6 март 1944 година.[16][17]
Напалм се користел од страна на сојузничките сили во воени операции на тихоокеанското боиште во 1944 и 1945 година; напалмот се користел како тактичко оружје против јапонските бункери, тунели и други утврдувања, особено на Саипан, Иво Џима, Филипини. и Окинава, каде што длабоко вкопани јапонски трупи одбиле да се предадат. Напалм-бомбите биле фрлени од авијатичарите на американската морнарица, USAAF, американскиот марински корпус и Кралските воздухопловни сили [18] како поддршка на копнените трупи.[ потребен е цитат ] Запаливиот материјал М69 бил специјално дизајниран да уништува јапонски цивилни куќи. Тие бомби биле често користени против цивили, вклучувајќи го и бомбардирањето на Токио. Над 40.000 тони AN-M69 биле фрлени врз јапонските градови за време на војната.[19]
Во европското боиште, напалмот го користеле американските сили [20] во опсадата на Ла Рошел во април 1945 година против германски војници (и ненамерно француски цивили) во Ројан — околу две недели пред крајот на војната.[21]
По Втората светска војна, напалм испорачан од САД за прв пат се користел во Граѓанската војна во Грција од страна на Грчката национална армија како дел од операциите Коронис и Пирсос против Демократската армија на Грција (ДАГ) - воен огранок на Комунистичката партија на Грција.[22][23]
САД често користеле напалм за време на Корејската војна. Копнените сили во Северна Кореја кои држеле одбранбени позиции честопати биле побројни од Кинезите и Севернокорејците, но американските воздухопловни сили и морнарицата имале контрола над воздухот речиси на целиот Корејски Полуостров. Затоа, Американските користеле напалм за блиска воздушна поддршка на копнените трупи долж границата меѓу Северна и Јужна Кореја, а исто така и за напади во Северна Кореја. Напалм најмногу се користел за време на битката „Фандпост Хари“ во Јужна Кореја во текот на ноќта помеѓу 10 и 11 јуни 1953 година. Британскиот премиер Винстон Черчил приватно ја критикувал употребата на напалм во Кореја, пишувајќи дека тоа е „многу сурово“, бидејќи силите на САД/ОН „прскаат по целото цивилно население“ и „измачуваат големи маси луѓе“.[24]
Во исто време, француските воздухопловни сили редовно користеле напалм за блиска воздушна поддршка на копнените операции во Првата војна во Индокина (1946–1954).[25]
Напалмот станал суштински елемент на американската воена акција за време на Виетнамската војна, бидејќи силите сè повеќе го користеле поради неговите тактички и психолошки ефекти.[26] Според некои извештаи, околу 388 000 тони американски напалм бомби биле фрлени во регионот од 1963 до 1973 година, во споредба со 32 357 тони користени во текот на трите години во Корејската војна и 16 500 тони фрлени врз Јапонија во 1945 година.[2] Воздухопловните сили на САД и американската морнарица ефективно користеле напалм против најразлични цели, како: војници, тенкови, згради, џунгли, па дури и железнички тунели. Ефектот не секогаш бил само физички бидејќи напалмот имал и психолошки ефекти врз непријателот.[27]
Јужноафриканските воздухопловни сили често користеле напалм во воздушните напади на Атлас Импала против герилските бази во Ангола за време на Јужноафриканската гранична војна.[28]
Други примери на употреба на напалм се: Франција за време на Алжирската војна (1954–1962); Португалска колонијална војна (1961–1974); Турција (1964) фрлила напалм бомби во Република Кипар; Шестдневната војна (1967); во Нигерија (1969); во Индија и Пакистан (1965 и 1971); Египет (1973); Турција (1974) Турската инвазија на Кипар; Мароко за време на војната во Западна Сахара (1975–1991); од Аргентина (1982); од Иран (1980–88); од Ирак (1980–88, 1991); од страна на индиските мировни сили (IPKF) во 1987 година против Тамилите (LTTE) во Шри Ланка; од Ангола за време на граѓанската војна во Ангола; и Југославија (1991–1996).[29] Во 2018 година, Турција беше обвинета за употреба на напалм во нејзината војна против курдските милиции во Африн.[30]
Ефекти врз луѓето
[уреди | уреди извор]Кога се користи како дел од запаливо оружје, напалмот предизвикува тешки изгореници. За време на согорувањето, напалмот го деоксигенира воздухот и создава јаглерод моноксид и јаглерод диоксид, и на тој начин можно е задушување, онесвестување и смрт.[31]
Напалмот е ефикасен против вкопани непријателски единици. Запалената смеса тече во окопи, тунели и бункери, канали за одводнување и наводнување и други импровизирани засолништа за војниците. Засолништа може да останат неоштетени, но луѓето можат да бидат убиени од хипертермија, топлинско зрачење, дехидратација, задушување, изложеност на чад или труење со јаглерод моноксид.[31] Единиците на оклопни борбени возила исто така се ранливи, поради огромната топлина што може да пробие низ оклопот. Дури и ако возилото е за малку промашено, топлината може да биде доволна за да се оневозможи возилото.[32]
Една напалм бомба исфрлена од нисколетачки авион може да оштети површина од 2100 м2.[31]
Меѓународно право
[уреди | уреди извор]Меѓународното право изрично не забранува употреба на напалм или други запаливи средства против воени цели,[33] но употребата против цивилно население била забранета со Конвенцијата на ОН за одредени конвенционални оружја (CCW) во 1980 година.[34] Протоколот III од CCW ја ограничува употребата на сите запаливи оружја, но многу земји не се придржуваат кон сите протоколи на CCW. Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), земјите се сметаат за страни на конвенцијата, која стапи на сила како меѓународно право во декември 1983 година, доколку ратификуваат барем два од петте протоколи.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Молотов коктел
- Грчки оган, античко оружје за фрлање пламен што можеби личело на напалм
- Фосфорна муниција
- Касетна бомба
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Oxford Dictionaries – napalm: definition of napalm“. Архивирано од изворникот на 26 August 2013. Посетено на 2 October 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Books in brief. Napalm: An American Biography Robert M. Neer Harvard University Press 352 pp“. Nature. 496 (7443): 29. 2013. doi:10.1038/496029a. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „neer1“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Napalm and Agent Orange in the Vietnam War“. www.thoughtco.com. ThoughtCo.
- ↑ Military Review (Volume 13 Number 6. изд.). Command and General Staff College. April 1953. стр. 13.
- ↑ Basil T. Fedoroff; Oliver E. Sheffield (January 1, 1974). „Flame Throwers—Liquids and Gels“. Encyclopedia of explosives and related items. 6. Picatinny Arsenal. стр. F56–F58. LCCN 61-61759.
- ↑ V. I. Losev. Gazavaya Promyshlennost, Vol 4, No 12, 1959. pp 17-24.
- ↑ „Napalm“. www.chm.bris.ac.uk.
- ↑ Lindqvist, Sven (2001). A History of Bombing. New York: The New Press. стр. 105. ISBN 1-56584-625-7.
- ↑ Noyes, W.A. Jr., уред. (1948). Science in World War II: Chemistry. Boston: Little, Brown and Company. стр. 392, 393.
- ↑ „An Ithaca of sorts“. 29 June 2010. Архивирано од изворникот на 11 October 2012. Посетено на 26 December 2012.
- ↑ 11,0 11,1 Marine Guillaume (2016-12-10). „Napalm in US Bombing Doctrine and Practice, 1942-1975“. SciencesPo. ISSN 1961-9898. Архивирано од изворникот на 2022-03-25. Посетено на 2022-07-21. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „ww2“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ University of Wisconsin-Madison (2017). „A Turning Point“. Посетено на 26 October 2017.
- ↑ . Madison, WI. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Napalm Архивирано на {{{2}}}.. vcdh.virginia.edu. Retrieved on 11 February 2010.
- ↑ „The Harvard Candle“. 6 March 2011. Архивирано од изворникот на 29 December 2012. Посетено на 26 December 2012.
- ↑ Kleber, Brooks E. and Birdsell, Dale (1966) The Chemical Warfare Service: Chemicals in Combat. Washington, DC: Center of Military History, United States Army, p.158.
- ↑ An article in The Harvard Crimson dated 12 October 1973 here states that "The U.S. military started using napalm during the middle of 1942".
- ↑ McKinstry, Leo (2011). Hurricane : victor of the Battle of Britain. London: John Murray. ISBN 978-1-84854-341-6. OCLC 659244635.
- ↑ Wellerstein, Alex (August 30, 2013). „Who Made That Firebomb?“. RESTRICTED DATA The Nuclear Secrecy Blog. Посетено на September 12, 2020.
- ↑ Zinn, Howard (1997). The Zinn Reader: Writings on Disobedience and Democracy. Seven Stories Press. стр. 267–. ISBN 978-1-888363-54-8.
- ↑ Howard Zinn, You Can't Be Neutral on a Moving Train. 2004 Documentary
- ↑ House, Jonathan M. (28 April 2014). A Military History of the Cold War, 1944–1962 (англиски). University of Oklahoma Press. стр. 70. ISBN 9780806146904.
- ↑ Featherstone, Kevin; Papadimitriou, Dimitris; Mamarelis, Argyris; Niarchos, Georgios (2011). The Last Ottomans: The Muslim Minority of Greece, 1940–49 (англиски). Palgrave Macmillan. стр. 211. ISBN 978-0-230-29465-3.
- ↑ Neer, Robert M. (2013). Napalm: An American Biography. Harvard University Press. стр. 102–3.
- ↑ Fall, Bernard B. (2018) [1961]. Street Without Joy. Guilford, CT: Stackpole Books. ISBN 978-0-8117-3654-1.
- ↑ Rohn, Alan. „Napalm in Vietnam War“. The Vietnam War (англиски). Посетено на 28 October 2019.
- ↑ „Liquid Fire – How Napalm Was Used in the Vietnam War“. www.warhistoryonline.com. Nikola Budanovic. June 2016. Посетено на 8 November 2017.
- ↑ Nortje, Piet (2003). 32 Battalion: The Inside Story of South Africa's Elite Fighting Unit. New York: Zebra Press. стр. 158. ISBN 1-868729-141.
- ↑ Goose Green, 2 Para in Falklands War 1982. Naval-history.net. Retrieved on 11 February 2010.
- ↑ „Kurds Accuse Turks of Dropping Napalm | Voice of America – English“. www.voanews.com. Архивирано од изворникот на 25 September 2020. Посетено на 8 August 2020.
- ↑ 31,0 31,1 31,2 Napalm Exposure — eMedicine (англиски)
- ↑ Seymour M. Kaye (January 1, 1978). „Napalm“. Encyclopedia of explosives and related items. 8. Picatinny Arsenal. стр. N2–N3. LCCN 61-61759.
- ↑ Omara-Otunnu, Elizabeth (8 November 2004). Napalm Survivor Tells of Healing After Vietnam War. University of Connecticut Advance.
- ↑ „worldinbalance.net“. www.worldinbalance.net. Архивирано од изворникот на 4 October 2011. Посетено на 6 July 2011.
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Нир, Роберт М. (2013). Напалм: Американска биографија . Belknap PressISBN 978-0-674-07301-2