Напад на националната фудбалска репрезентација на Того

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нападот на националната фудбалска репрезентација на Того претставува терористички напад врз автобусот на репрезентацијата кој се случил на 8 јануари 2010 година, кога екипата патувала кон Ангола на Африкански куп на наците, 2010 кои започнале на 11 јануари 2010 година.[1] Нападот бил извршен од страна на Фронтот за ослободување на Кабинда, терористичка и сепаратистичка организација, која истиот ден ја превзела одговорноста за нападот. [2] Во нападот биле убиени возачот на автобусот, менаџерскиот асистент Абало Амелете и медиумскиот известувач Станислас Окло, а неколку други пак биле повредени. [3]. Генералниот секретар на организацијата, Родригез Мингас, кој моментално се наоѓа во Франција, тврдел дела целта на нападот не биле фудбалерите од Того, туку против анголските вооружени сили кои биле покрај конвојот.[4] Властите објавиле дека се уапсени двајца осомничени за нападот.[5]

Нападот[уреди | уреди извор]

Картата на провинцијата Кабинда во Ангола

На 8 јануари 2010 година, автобусот на националниот тим на автобусот бил нападнат од вооружени лица, којшто патувал во Ангола за Африканскиот куп на нациите, 2010 година.[6] Врз автобусите било отворено оган со митралези веднаш штом била поминета границата од Конго во Ангола, односно во провинцијата Кабинда.[7] Фудбалскиот тим на Того била во групата Б, и требала да настапи на стадион Кимандела.

Целиот вооружен напад траел околу 30 минути.[8] Во нападот биле убиени возачот на автобусот, менаџерскиот асистент Абало Амелете[9]кој немал можност ниту време да побегне или да се сокрие.[8] Патниците се сокриле под седиштата.[10]. Бранителот на ФК Васлуи, Серже Акакпо бил погоден од куршум, и изгубил многу крв[11], како и голманот Кадјови Обилате. [12]. Освен овие двајца, исто така биле повредени и заменик-претседателот Габриел Амеји, седум членови на федерацијата, еден новинар и два лекари од лекарсиот тим. [13] Емануел Адебајор изјавил дека нападот бил ", еден од најлошите нешта што му се случиле некогаш во животот.[8] Томас Досеви изјавил: “Тоа беше вистински пекол. Дваесет минути на пукотници, крв и страв". Ричмонд Форсон извавил: “ Автобусот во кои пукаа беше полн со багаж,[14] можеби мислеа дека сме ние таму. Потоа отворија оган и врз нашиот автобус. Тоа беше страшно. [8] Досеви изјавил и дека врз автобусите било пукано како во него да има кучиња.[8][15]

Сепаратистичката организација Фронтот за ослободување на Кабинда (FLEC) ја презела одговорноста за нападот.[16] Во соопштението потпишано од страна на генералниот секретар Родригез Мингаз стои дека оваа операција била само почеток на серија од планираните дејствија и дека истите ќе продолжат низ целата територија на Кабинда. [17]

Во врска со нападот на националниот фудбалски тим на Того, властите односно полицијата на Ангола уапсила две осомничени лица на 10 јануари 2010 година[18]. Како што објавило националното радио, повикувајќи се на обвинителот, апсењата биле извршени во Кабинда, помеѓу Република Конго и Демократска Република Конго во Западна Африка.[19].

Жртви[уреди | уреди извор]

Три лица загинале, а девет биле повредени. [20]

Мртви

  • Абало Амелете- помошник тренер на националниот фудбалски тим на Того и менаџер на Кара Аско (умрел на 9 јануари 2010 година, 4:00 Западно Афричко Време) [21]
  • Станислас Окло- медиумски известувач (умрел на 9 јануари 2010 година, 4:30 Западно Афричко Време) [22]
  • Марио Адјуа- возач на автобус, (починал на 8 јануари 2010)[23]

Ранети

  • Кодјови Обилале[24] - бил застрелан во долниот дел на грбот.
  • Серж Акакпо[25]
  • Хуберт Велуд [26]
  • Веик Нибомбе
  • Елиста Кодјо Лано
  • Д-р Дивинелае Амевор - физиотерапевт
  • Д-р Тадафам Вадја- лекар

По нападите[уреди | уреди извор]

Репрезентацијата на Того повикала на бојкот на купот, како резултат на нападот.[27] Алаиксис Ромао и Томас Досеви зборуваше за нивната одвратност и нивниот недостаток на желба да се натпреваруваат.[27] По инцидентот, фудбалскиот тим се повлекол од купот официјално. Алаиксис Ромао исто така изјавил дека се обидувал да ги убеди другите тимови во нивната група за да се повлечат од купот.[7]

Того требло да ја одигра својот прв натпревар на турнирот против Гана, три дена по нападот на 11 јануари 2010 година.[28] STV Спорт објавил дека Того се повлекува од турнирот еден ден подоцна. [29]

Подоцна имало двоумење околу можното враќање на Того на мундијалот по изјавата на некои од фудбалерите дека тие ќе играат во спомен на "сеќавањето на мртвите." [30]Томас Досеви изјавил дека неговата земја ќе се натпреварува на купот за да се претстават националните бои на земјата, нејзините вредности и маженственост.[31][7] Сепак, по н аредба на владата на Того, фудбалскиот тим бил вратен во земјата.[32][33]

На 11 јануари 2010 година, Того, официјално бил дисквалификуван од Купот на Африка, по нивното враќање во нивната татковина [34]. Тимот на Того заминал во неделата, два дена по нападот на автобусите. "Тимот е дисквалификуван, оваа група ќе се состои од три екипи", изјавил портпаролот на Конфедерацијата.[35]Според министерот за спорт на Того, Кристофер Падумхоку, Того официјално побарал повторно да се придружи во турнирот, но истото барање било одбиено. .[36]

Реакции[уреди | уреди извор]

Влоастите на Ангола, овој напад го нарекле како "акт на тероризам"[9]. Мартин О'Нил, менаџерот на играчот Мустафа Салифу во Астон Вила, бил шокиран од настанот.[9] Фудбалските клубови Манчестер Сити и Портсмут изразиле загриженост за безбедноста на нивните играчи.[9] Други играчи од Африка, како Бени Мекарти и Мохамед Сисоко го осудиле нападот. [37]

Дани Јордаан, организаторот на претстојното фудбалско првенство кое треба да се одигра во Јужна Африка од јуни и јули 2010 година, ја отфрлил загриженоста дека нападот имал било значење за безбедносната организација за истиот мундијал. [38]

Видете исто[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Assistant coach among dead in attack on Togo team“. CNN. 2010-01-09. конс. 2010-01-10. 
  2. http://www.guardian.co.uk/world/2010/jan/11/two-arrested-togo-football-attack
  3. Rss Liste des blessés lors de l'attaque contre le bus des Eperviers
  4. „Togo footballers were attacked by mistake, Angolan rebels say“. The Guardian. 2010-01-11. конс. 2010-01-11. 
  5. Aleisha Tissen (2010-01-11). „Two held over attack on team“. The Citizen. конс. 2010-01-11. 
  6. Togo footballers shot in ambush“, BBC News, 8 јануари 2010 (посет. 8 јануари 2010 г).
  7. 7,0 7,1 7,2 Togo pull out of African Nations Cup after bus attack in Angola“, The Daily Telegraph, 9 јануари 2010 (посет. 9 јануари 2010 г).
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Togo football stars tell of gun attack“, BBC Sport, 8 јануари 2010 (посет. 8 јануари 2010 г).
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 „Togo players injured, driver killed in gun attack“. RTÉ Sport. 2010-01-08. конс. 2010-01-08. 
  10. „Angriff auf Togos Fußballteam - Ein Toter“ (German). Transfermarkt.de. 2010-01-09. конс. 2010-01-09. 
  11. „Mannschaftsbus von Togo an angolanischer Grenze beschossen“ (German). 
  12. Togo government tells team to quit Cup of Nations“, BBC Sport, 9 јануари 2010 (посет. 9 јануари 2010 г).
  13. 2 Togo soccer players hurt in gun attack“, CBC Sports, 9 јануари 2010 (посет. 9 јануари 2010 г).
  14. Drittes Todesopfer – Togo denkt an Rückzug
  15. David Smith (2010-01-08). „Emanuel Adebayor on Togo football team bus ambushed by Angola gunmen“. The Guardian. конс. 2010-01-08. 
  16. Angola rebels FLEC claim Togo football team attack
  17. Almeida, Henrique. „One dead, 9 hurt in gun attack on Togo soccer team“, Reuters, 8 јануари 2010 (посет. 9 јануари 2010 г).
  18. Zwei Festnahmen nach Angriff auf togolesische Fußballmannschaft
  19. Togoisches Team zurück in Togo - Staatstrauer
  20. CAN : les Eperviers rentrent au Togo
  21. (германски) Zwei Tote bei Anschlag, OK erhebt Vorwürfe
  22. (германски) Zwei Tote bei Terrorangriff auf Togo-Auswahl
  23. „RFI - Cup of Nations to proceed after three die in bus attack“. Rfi.fr. конс. 2010-01-09. 
  24. (Agence AFP)
  25. Togo sagt Afrika-Cup-Teilnahme ab
  26. Togo Soccer Bus Attacked Near Angola
  27. 27,0 27,1 Attacked Togo stars want Africa Cup of Nations boycott“, BBC Sport, 8 јануари 2010 (посет. 8 јануари 2010 г).
  28. Jason Burt and Paul Kelso (2010-01-08). „Togo: we cannot play after this bloodshed“. The Daily Telegraph. конс. 2010-01-08. 
  29. Togo withdraw from Africa Cup of Nations
  30. Togo tritt nach Anschlag nun doch bei Afrika-Cup an
  31. http://news.smh.com.au/breaking-news-world/togo-in-dramatic-african-nations-cup-uturn-20100110-m0fu.html
  32. Emmanuel Adebayor says Togo team will return home“, „BBC News (Sport)“, 10 јануари 2009 (посет. 10 јануари 2010 г).
  33. Togo team flying home after terrorist attack“, „The Times“, 10 јануари 2010 (посет. 10 јануари 2010 г).
  34. Togo bei Afrika-Cup offiziell disqualifiziert
  35. Bundesligisten in Sorge um Profis bei Afrika-Cup
  36. „Togo's request to return to play at the Africa Cup of Nations has been turned down by the tournament organisers.“. World Soccer. 2010-01-11. конс. 2010-01-11. 
  37. Andrew Southwick and Mohammed Bhana (2010-01-08). „Benni McCarthy Leads Condemnation Of Togo Attack: Africa As A Whole Will Be Disgusted“. Goal.com. конс. 2010-01-08. 
  38. „World Cup boss Danny Jordaan allays security concerns“. BBC Sport. 2010-01-09. конс. 2010-01-09.  Text "F.A. Premier League Managers Phil Brown(Hull City),Avram Grant (Portsmouth F.C.) and Harry Redknapp(Tottenham Hotspurs) also brought up the security arrangements and have asked if the players from these teams would return from the tournament back to England " ignored (помош)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Wikinews-inline