Прејди на содржината

Нанџјиншка улица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источна нанџјиншка улица во 2024 година (ноќе)
Источна нанџјиншка улица во 2024 година

Нанџјиншка улица (кинески: 南京路; пинјин: Nánjīng Lù) (шангајски: Noecin Lu) — улица во Шангај, чиј источен дел е главната куповна област на Шангај. Таа е една од најпрометните куповни улици во светот, заедно со Петтата авенија, Оксфорд стрит, Орчард роуд, Такешита стрит и Шанзелизе.[1] Улицата е именувана по Нанџјинг, главниот град на покраината Џјиангсу и поранешен главен град на Република Кина. Денешната Нанџјиншка улица се состои од два дела, Источна нанџјиншка улица и Западна Нанџјиншка улица.[2]

Во некои контексти, Нанџјиншка улица се однесува само на она што било Нанџјиншка улица пред 1945 година. Поранешната Нанџјиншка улица се наоѓала целосно во рамките на Шангајската меѓународна населба. Денешната Западна нанџјиншка улица порано била улица Баблинг Вел, улица надвор од населбата изграден од концесионери надвор од самата концесиска зона. Двете улици се среќавале на северниот раб на Шангајскиот круг.[3]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Нанџјиншка улица поминува низ средиштето на градот и се протега во правец запад-исток. Нејзиниот источен дел е во округот Хуангпу и се протега од Бундот кон запад до Народниот плоштад. Западниот дел започнува од Народниот плоштад и продолжува кон запад до округот Џјинган.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на Нанџјиншката улица почнува од 1845 година.[4] Во тоа време, се викала Парк лејн и се протегала од Бундот до патот Хенан. Во 1854 година, била продолжен до патот Џеџјианг, а осум години подоцна, до патот Шиџанг.[5] Во 1862 година, општинскиот совет што управувал со Меѓународната населба официјално го нарекол Нанџјиншка улица. На кинески, вообичаено се нарекувал Главен пат (大马路). Околу 1930 година, таа била прометна улица со барем една регистрирана коцкарница (веројатно на број 181). Во 1943 година, Меѓународната населба била укината, а по Втората светска војна, владата го променила името од Нанџјиншка улица во Источна нанџјиншка улица, додека поранешната улица Баблинг Вел била преименувана и во Западна нанџјиншка улица, а заедничко име за двете улици станало Нанџјиншка улица, со вкупна должина од пет километри.

На почетокот на 20 век, по должината на улицата биле изградени осум големи стоковни куќи. Во тоа време, биле изградени и голем број франшизни продавници.

На 14 август 1937 година, кинески воен авион кој се обидувал да го бомбардира јапонскиот брод Изумо ја промашил целта и фрлил четири бомби на преполна блиска улица, од кои две паднале на Нанџјиншката улица. Четирите бомби убиле вкупно околу 2.000 луѓе.[6]

Во 2000 година, Нанџјиншката улица била обновена во карактеристична пешачка улица како дел од планот за развој на месната самоуправа. Ширината е околу 28 метри и вкупната должина е 1.200 метри, се протега од улицата Среден Хенан до улицата Среден Шизанг.

Во 2007 година, владите на окрузите Џјинган и Хуангпу се согласиле да ги ускладат своите политики за подобрување на развојот на Нанџјиншка улицаг преку основање на единствен одбор. Овој договор следел по барање на Одборот на Шанзелизе како дел од договорот за пријателство меѓу двете познати улици.

Во 2019–2020 година, делот помеѓу улицата Среден Хенан и Бундот (патот Џонгшан Исток-1) бил претворен во пешачка зона, проширувајќи ги пешачките патеки кон исток до Бундот.

Нанџјиншка улица е најдолгата куповна област во светот, долга околу 5,5 км, и привлекува повеќе од еден милион посетители дневно.

Туристите и гостите често слават разни празници на Нанџјиншка улица, како што се Кинеската Нова година, Нова година, Божиќ и Велигден. Некои делови од зградите и трговските центри што гледаат на Нанџјиншката улица често се домаќини на огномети.

  1. „Nanjing Road Shopping Mall Shanghai“. TUI Travel PLC. Архивирано од изворникот на 17 March 2010. Посетено на 12 September 2008.
  2. „Nanjing Road Pedestrian Walkway“. Архивирано од изворникот на 2014-04-13. Посетено на 16 April 2014.
  3. Qiao, Zhengye (2018-03-24). „A new era for Shanghai Race Club building“.
  4. Warr, Anne: Shanghai Architecture, The Watermark Press, 2007, ISBN 978-0-949284-76-1
  5. „East Nanjing Road“. 2021-11-26.
  6. Wasserstein, Bernard (1998). Secret War in Shanghai. Houghton Mifflin, NY, NY. стр. 16. ISBN 0-395-98537-4. Посетено на 2021-06-06.