Наметка (филм од 1953)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Наметка“ (англиски: The Robe) — американски филм од 1953 година, во режија на Хенри Костер (Henry Koster). Автори на сценариото се Лојд Ц. Даглас (Lloyd C. Douglas), Џина Каус (Gina Kaus), Алберт Малц (Albert Maltz) и Филип Дјун (Philip Dunne), според романот на Лојд Ц. Даглас. Главните улоги ги играат: Ричард Бартон (Richard Burton), Џин Симонс (Jean Simmons), Виктор Мачјур (Victor Mature), Мајкл Рени (Michael Rennie), Џеј Робинсон (Jay Robinson), Дин Џегер (Dean Jagger), Торин Тачер (Torin Thatcher), Ричард Бун (Richard Boone) и Џеф Мороу (Jeff Morrow). „Туника“ бил голем хит и прв филм снимен во синемаскоп. Филмот освоил две награди „Оскар“ (за сценографија и за костимографија). Благодарение на големиот успех, веќе следната година било снимено продолжението со наслов „Деметриј и гладијаторите“ во режија на Делмер Дејвс (Delmera Daves), кој според мислењето на критиката е подобар од „Туника“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во 32 година, во времето на владеењето на царот Тибериј. Трибунот Марцел Галио (го игра Бартон) е вљубен во убавата римска патрицијка Дијана (ја игра Симонс), а неа се обидува да ја освои и царевиот роднина и наследник Калигула (го игра Робинсон). Марцел му пркоси на Калигула и го купува робот Деметриј (го игра Мачјур) кого планирал да го купи и самиот Калигула. За да го казни, Калигула го испраќа Марцел во Ерусалим, во служба на прокураторот на Јудеја, Понтиј Пилат (го игра Бун). Марцел пристигнува во градот истиот ден кога таму доаѓа Исус Христос...

Наводи[уреди | уреди извор]