Налутените птици (филм од 2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Налутените птици (англиски: The Angry Birds) - американски анимиран филм од 2016 година, во режија на Клеј Кејтис и Фергал Рајли. Гласовите во филмот ги позајмуваат: Џејсон Судајкис, Џош Гед, Дени Мекбрајд, Бил Хејдер, Шон Пен итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

На еден остров среќно живеат птици што не летаат. Меѓу нив е и птицата Црвенко (Red), кој постојано е намуртен, не сака да се дружи со никого, па дури и живее сам, надвор од селото. Поради лошото однесување, судијата му пресудува казна да мора да посетува часови по добро однесување. Таму, тој се запознава со птиците Чак, Бомба и Теренс. Еден ден, на островот пристигнува брод со свињи, кои успеваат да ги залажат птиците, постојано организирајќи забави, а во меѓувреме им ги крадат јајцата. Единствено, Црвенко уште од самиот почеток не ги поднесува свињите и се обидува да ги предупреди птиците, но тие не му веруваат. Кога свињите ќе си заминат на нивниот остров со украдените јајца, птиците од островот се очајни, но Црвенко ги охрабрува. Тој и другарите одат во планината да го побараат легендарниот орел, но кога го наоѓаат, целосно се разочарани од него, зашто тој е стар и неспособен за никаква акција. Оттука, Црвенко ги организира птиците и тие успеваат да појдат на островот на свињите, каде се борат со нив и, со помош на орелот, успеваат да ги спасат јајцата. Птиците се враќаат на островот, но без Црвенко и сите мислат дека тој е мртов. Но, Црвенко се враќа жив, заедно со последното јајце за кое сите мислат дека е загубено. Благодарение на неговата храброст, сите птици стануваат намуртени како него, му градат нова куќа во селото и го слават како јунак.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]