Нае (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Нае
Извор Хунсрик
Утока Рајна
49°58′11″ СГШ 7°53′21″ ИГД / 
Земји во сливот Германија
Должина 116 км
Сливно подрачје 4.065 km2 (1,570 sq mi)

Нае — река во Рајнска област-Пфалц и Сар, Германија, лева притока на Рајна. Таа, исто така, му го дала и името на винскиот регион Нае, кој се наоѓа околу неа.

Името Нае е изведено од латинскиот збор Nava, кој е врз основа на келтското потекло за дива река. Нае го дели северниот дел на Пфалц од Хунсрик.

Таа извира во областа на Нофелден (Сар), течејќи низ Рајнска област-Пфалц и се приклучува на реката Рајна во Бинген. Нејзината должина е 116 километри. Градови низ кои Нае тече се Идар-Оберштајн, Кирн, Бад Кројцнах и Бинген.