Надзорник (филм од 1916)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
The Floorwalker (poster).jpg

Надзорник (англиски: The Floorwalker) - американски филм од 1916 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото, заедно со Винсент Брајан. Во главните улоги настапуваат: Чарли Чаплин, Една Пурвианс, Ерик Кембел, Лојд Бејкон, Алберт Остин, Том Нелсон и Шарлот Мино.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Главниот менаџер (го игра Кембел) на една голема продавница добива писмо од сопственикот на продавницата, кој го известува дека е откриен кусок од 80.000 долари, поради што во продавницата ќе дојдат детективи. Менаџерот и надзорникот во продавницата (го глуми Бејкон) ги земаат парите од сефот, но надзорникот го удира менаџерот по главата, ја зема ташната со парите и сака да побегне. Во меѓувреме, во продавницата влегува еден скитник (го игра Чаплин), кој прави неволји, но кога пристигнува детективот (го игра Нелсон), тој бега во канцеларијата на главниот менаџер. Таму, скитникот и надзорникот откриваат дека неверојатно си личат еден на друг. Затоа, надзорникот му предлага на скитникот да си ја сменат облеката. Така, детективот почнува да го брка надзорникот, додека скитникот ја игра улогата на надзорник во продавницата. Меѓутоа, тогаш се освестува менаџерот и почнува да го тепа скитникот, мислејќи дека е надзорникот. Потоа, во продавницата доаѓа и полицијата и сите заедно го бркаат скитникот, но најпосле, детективот го фаќа вистинскиот виновник - главниот менаџер.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

The Floorwalker (1916) - Charlie Chaplin

Наводи[уреди | уреди извор]