Надежда Толоконикова

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Надежда Толоконникова)
Надежда Андреевна Толоконикова
Надежда Толоконикова на митингот „За чесни избори“ во Москва на 4 февруари 2012 година
Роден(а)Нориљск, РСФСР, СССР
Правецакционизам, панк-рок

Надежда Андреевна Толоконикова (руски: Надежда Андреевна Толоконникова; родена на 7 ноември 1989 во Нориљск) — руска уметничка-акционистка, членка на уметничките групи „Војна“ и „Pussy Riot“.

На 3 март 2012 година, таа била уапсена под обвинение за хулиганство во врска со влегувањето и изведувањето на противзаконска изведба во црквата на Исус Христос Спасителот во Москва.[а] Сите жени биле осудени на две години затвори. Меѓународната органзиација „Amnesty International“ ги прогласила уапсените за политички затвореници.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Надежда Толоконикова се родила на 7 ноември 1989 година[3] во Нориљск. Таа е студентка на Философскиот факултет при Московскиот државен универзитет Ломоносов.

Надежда, заедно со нејзиниот сопруг Петар Верзилов, била членка на групата „Војна“. Таа учествувала во мнозинството од прочуените акции на оваа група, меѓу кои се и скандалозниот групен секс во Биолошкиот музеј Тамирјазев во Москва во 2008 година, акцијата за истурање на бубашваби во зградата на Таганскиот суд во 2010 година (акција „Бубашвабин суд“)[а], како и исцртувањето на фалус на Литејниот мост спроти зградата на Федералната служба за безбедност во Санкт Петербург.[4]

Семејство[уреди | уреди извор]

Надежда е омажена за Петар Верзилов, кој исто така е уметник-акционист. Двојката има ќерка, Хера, која за време на апсењето на Надежда имала 4 години.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Соучесничките Екатерина Самуцевич и Марија Аљохина биле исто така уапсени. Аљохина била уапсена истовремено со Толоконикова, додека Самуцевич на 16 март 2012 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]