Надворешна каротидна артерија
Изглед
| Надворешна каротидна артерија | |
|---|---|
Артерии на вратот - десна страна. | |
| Податоци | |
| Извор | заедничка каротидна артерија |
| Разгранови | горна штитна, јазична, лицева, нагорна голтникова, тилна, задна ушна, горновилична, површинска слепоочна |
| Назнаки | |
| Латински | arteria carotis externa |
| MeSH | A07.231.114.186.200.210 |
| TA | A12.2.05.001 |
| FMA | FMA:10635 |
Надворешната каротидна артерија е гранка на заедничката каротидна артерија, од која се одделува во вратот. Нејзини гранки се: горна штитна артерија, јазична артерија, лицева артерија, нагорна голтникова артерија, потоа во паротидната ложа се одделуваат тилната и задната ушна артерија, а во висина на collum mandibulae се грани на горновилична и површинска слепоочна артерија. Надворешната каротидна артерија со своите гранки учествува во васкуларизацијата на ткивата и органите во главата и вратот: усната празнина, плунковите жлезди, голтникот, гркланот, штитната и паратироидните жлезди.