Нада Ковилоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нада Ковилоска (Варош, Прилеп, 1927 - ?), македонска партизанка, учесник во Народноослободителната борба на Македонија (НОБ).

Учествувала во Народноослободителното движење (НОД) од август 1941 година, како член на просветна група. Во 1942 година била примена за член на СКОЈ.

Собирала народна помош, растурала илегален материјал. Посебно била задолжена да работи на омасовување на младинското движење во својот реон.[1]

Во книгата „Музеј на женски приказни“ од 2016 година (издание на Локотива), нејзиното име, покрај други жени, е означено како „Меморија за храброста, слободата, посветеноста и љубовта“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Зборник (1976). Жените на Македонија во НОВ, 1941-1945. Скопје: Институт за национална историја. стр. 1110.
  2. „Музеј на женски приказни“ (PDF).