Нада Ицева-Салџиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Нада Ицева Салџиева)
Нада Ицева-Салџиева
Родена 18 декември 1934
Павлешенци, Кралство Југославија
Починала 15 септември 2005(2005-09-15) (возр. 70)
Скопје, Македонија Македонија
Занимање падобранец

Нада Ицева-Салџиева (18 декември 1934 во селото Павлешенци15 септември 2005 во Скопје) — падобранец и падобрански инструктор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Нада Ицева-Салџиева била падобранец и падобрански инструктор. Била член на аероклубот во Скопје од 1954 година. Ицева-Салџиева со падобран има скокнато 1150 пати.

Првенството на Југославија го освоила пет пати (1956, 1958, 1959, 1960, 1964), а како репрезентативка на Југославија учествувала во Светскиот јадрански куп во Тиват (1957 и 1959) и Порторож (1963), како и државниот тримеч во Софија (1957) и во Букурешт, една година подоцна. Ицева-Салџиева поставила неколку апсолутни републички и државни рекорди, а за најдобар спортист на Македонија била прогласена во 1956 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ичко“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 625. Text "series " ignored (help)