Прејди на содржината

Нада Бошева

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нада Бошева (8 август 1922 во Битола — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Како напредна младинка била член на „Женската потрошувачка кооперација“ во Битола, со која активно работела на собирање и организирање на жени во Антифашистичкиот фронт. Од летото 1941 година била член на просветна група. Агитирала меѓу жените и младинките за учество во НОД, собирала народна помош, приготвувала зимница за борците. Вршела курирска работа, пренесувалa пошта во Прилеп и Охрид. Нејзиниот дом служел за одржување состаноци и престој на илегалци. Со формирањето на АФЖ во Битола 1944 година, активно работела во организацијата.[1]

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1005.