Прејди на содржината

Нада Јаковлевска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нада Симјанова Јаковлевска ( 1928 во Никифорово — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 1943 година била член на воспитна младинска групa. Во нејзиниот дом почесто престојувале илегалци, а во зимата 1943 година и борци од Партизанскиот одред „Кораб“, а таа се грижела за нивната исхрана и безбедност, заедно со својата мајка Зојка. По палењето на селото (19/21.VШ.1943) се преселила во Гостивар каде активно се вклучила во заднината на НОД.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1077.