Награда „Мигел де Сервантес“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Награда „Мигел де Сервантес“
Мрежно местоhttps://www.culturaydeporte.gob.es/cultura/libro/premios/listado-de-premios/cervantes/presentacion.html Уреди на Википодатоците


Наградата „Мигел де Сервантес“ (шпански: Premio de Literatura en Lengua Castellana Miguel de Cervantes) се доделува секоја година во чест на животното дело на истакнат писател на шпански јазик[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Наградата била воспоставена во 1975 година од Министерството за култура на Шпанија и првпат била доделена следната година.

Победникот добива парична награда од 125.000 евра, што го прави еден од најбогатите книжевни награди во светот.

Авторите на наградите се од оние држави кои се со со шпански говорен јазик. Од четириесет и седумте награди доделени во историјата на наградата Сервантес, само шест биле доделени на жени .

Наградата е именувана по Мигел де Сервантес, авторот на Дон Кихот. Кандидатите се предложуваат од Асоцијација на академии за шпански јазик (т.е. , Кралската шпанска академија).

Почнувајќи од врачувањето на наградата за 2019 година на Џон Маргарет, добитниците добиваат признание за нивното пишување романи, поезија, раскази, есеи, преводи, филозофија или драми – или за нивни комбинации. Со двајца победници во 1979 година, имало 45 добитници на наградата Мигел де Сервантес.

Наградата Сервантес и Нобеловата награда за литература[уреди | уреди извор]

Тројца од 45-те добитници на наградата Мигел де Сервантес ја добија и Нобеловата награда за литература. Октавио Паз (Сервантес 1981, Нобел 1990) и Марио Варгас Љоса (Сервантес 1994, Нобел 2010), беа наградени со Нобеловата награда во следните години, додека Камило Хосе Села ја доби Нобеловата награда] во 1989 година и ја доби наградата Сервантес во 1995 година[2].

Лауреати[уреди | уреди извор]

Списокот на победници е достапен на официјалната веб-страница на „Премио „Мигел Сервантес“.

Година Фотографија Писател Земја Жанр
1976 Хорхе Гиљен  Шпанија поет
1977 Алехо Карпентиер  Куба роман, есеј
1978 Дáмасо Ало́нсо  Шпанија поезија
1979 Хорхе Луис Борхес  Аргентина расказ, поезија, есеј, превод
Херардо Диего  Шпанија поезија
1980 Хуан Карлос Онетти  Уругвај роман
1981 Октавио Паз  Мексико поезија, есеј
1982 Луис Росалес Камачо  Шпанија поезија, есеј
1983 Рафаел Алберти  Шпанија поезија
1984 Ернесто Сабато  Аргентина роман, есеј
1985 Гонсало Торренте Балестер  Шпанија роман
1986 Анто́нио Буэ́ро Ваље́хо  Шпанија драма
1987 Карлос Фуентес  Мексико роман, есеј
1988 Мари́ја Самбра́но  Шпанија филозофија, есеј
1989 Аугу́сто Ро́а Ба́стос  Парагвај роман
1990 Адолфо Биои Касарес  Аргентина роман, расказ
1991 Ајала Франсиско (романописец)  Шпанија роман, расказ, есеј, превод
1992 Лоинас, Дулче Марија  Куба поезија
1993 Делибес, Мигел  Шпанија роман
1994 Марио Варгас Љоса  Перу роман, есеј, расказ, драма
1995 Камило Хосе Села  Шпанија роман
1996 Хосе Гарсија Нието  Шпанија поезија
1997 Гиљермo Кабрерa Инфанте  Куба расказ
1998 Хиеро, Хосе  Шпанија поезија
1999 Едвардс, Хорхе  Чиле роман
2000 Франциско Умбрал  Шпанија роман, есеј
2001 Алваро Мутис  Колумбија поезија, роман
2002 Хосе Хименес Лозано  Шпанија роман
2003 Гонсало Рохас  Чиле поезија
2004 Рафаел Санчес Ферлосио  Шпанија роман, есеј
2005 Серхио Питол  Мексико роман
2006 Antonio Gamoneda  Шпанија поезија
2007 Juan Gelman  Аргентина поезија
2008 Хуан Марсе  Шпанија расказ
2009 Хосе Емилио Пачеко  Мексико поезија, роман, расказ
2010 Ана Марија Матуте  Шпанија роман
2011 Никанор Пара  Чиле поезија
2012 Хосе Мануел Кабаљеро Боналд  Шпанија поезија, роман
2013 Елена Понијатовска  Мексико роман
2014 Хуан Гојтисоло  Шпанија роман, есеј
2015 Фернандо дел Пасо  Мексико роман, поезија, есеј, драма, расказ
2016 Едуардо Мендоса Гарига  Шпанија роман, драма
2017 Серхио Рамирес  Никарагва роман, расказ, есеј
2018 Ида Витале  Уругвај поезија, проза, есеј
2019 Џоан Маргарет  Шпанија поезија
2020 Франциско Бринс  Шпанија поезија
2021 Кристина Пери Роси  Уругвај проза, поезија, расказ, превод

Лауреати по земја[уреди | уреди извор]

Следната табела го прикажува бројот на лауреати по земја:

Ранг Држава Лауреат
1  Шпанија 24
2  Мексико 6
3  Аргентина 4
4  Чиле 3
4  Куба 3
4  Уругвај 3
7  Колумбија 1
7  Никарагва 1
7  Парагвај 1
7  Перу 1
Вкупно 47

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cervantes Prize
  2. „The Miguel de Cervantes Prize for Literature“. Архивирано од изворникот на 2022-10-15. Посетено на 2022-10-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]