Награда „Матија Бан”

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наградата „Матија Бан“ се доделува за постигнати резултати во работата и унапредувањето на стопанството, науката, културата, спортот, образованието и воспитанието, здравството, социјалната и детската заштита во областа на уметноста, како и за зачувување и заштита на животна средина на општина Чукарица. Наградата за првпат била востановена во 1998 година.

За наградата[уреди | уреди извор]

Наградата на градската општина Чукарица „Матија Бан“ се состои од повелба, плакета и парична награда, односно уметнички слики, пригодни статуи, книги и др. Наградата јаврачува претседателот на градската општина Чукарица.

Наградата се доделува во чест на Матија Бан, професорот на Лицеја, политичар и дипломат, кој живеел во делот на Белград кој сега по него го носи името Баново брдо.[1]

Матија Бан дошол во Белград во 1844 година, каде станал воспитувач на децата на кнезот Александар Караѓорѓевиќ. Ги водел работите на националната пропаганда, бил член на Српската кралска академија, а во исто време еден од најплодните српски писатели. Тој е основач на политичката програма за национално обединување и ослободување на Јужните Словени.[1] Во 1847 година го покренал и првото женско списание - Воспитател женскии, кое било наменето за „убавиот пол на јужнословенските народи“.[2]

Делот од Белград кој денес се вика Баново Брдо според австриските географски карти од почетокот на 19 век се нарекувало Репишко Брдо, подоцна Ордија (тур. место каде се собира војската) и Голо Брдо. Во 1861 година, Матија Бан поднел молба до белградската општина да му се продаде земјиштето на „ридот далеку надвор од Белград“ за да таму изгради убав и пристоен летниковец во српски стил. Советниците одлучиле да му гопоклонат бараното земјиште, сметајќи дека овој голем патриот го заслужил. По него целиот крај го добил името Бановац, а по неговата смрт во 1903 година - Баново брдо.[3]

Добитници на наградата[уреди | уреди извор]

Наградата која му била доделена на Драган Колунџија, дел од неговиот легат во Адлигат

1995 година

  • Драган Колунџија, од област на културата
  • Бранислав Бојиќ, од област на уметноста
  • Младен Ѓуровиќ, од област на уметноста

1997 година

  • д-р Владимир Грбиќ, од област на науката
  • д-р Бранислав Јовановиќ, од област на науката
  • Ратко Вулановиќ, од област на уметноста

1998 година

  • Сава Стекиќ, од област на културата
  • Градимир Стојковиќ, од област на културата

1999 година

  • Бојан Димитријевиќ, од област на науката
  • Галерија '73, од област на културата
  • Камерен оркестар „ Pro classica “, од област на уметноста

2000 година

  • Драгомир - Драган Милеусниќ, од област на уметноста
  • Слободан Д. Петковиќ, во област на културата
  • Национална библиотека „Лаза Костиќ“ од област на културата

2001 година

  • Мирослав Дерета, од област на културата
  • Јован Радуловиќ, во област на уметноста и културата
  • Радио 988, од област на културата

2002 година

  • д-р Милан Новаковиќ, од област на науката и културата
  • Првослав Митиќ, во област на културата и уметноста
  • Томислав Грујичиќ, за достигнувања во област на културата и уметноста

2003 година

  • Мирослав Бјелиќ - Бјанки, од област на уметноста
  • Ансамбл „Има дана“, од област на уметноста

2004 година

  • Миќа Стојановиќ, од област на економијата, воспитанието и образованието
  • Духомир Цветковиќ, од област на културата и образованието

2005 година

  • Драгољуб Шарковиќ, од област на образованието
  • Дом за деца со ментална попреченост, од област на здравствената, социјалната и детската заштита

2006 година

  • Бора Дугиќ, од област на културата и уметноста

2007 година

  • Светислав Басара, од област на културата и уметноста
  • д-р Божидар Станишиќ, од област на здравствената, социјалната и детската заштита

2008 година

  • Нада Кнежевиќ од област на културата и уметноста

2009 година

  • Милка Стојановиќ и Живан Сарамандиќ, од област на културата и уметноста
  • Предучилишна установа „Чукарица“, од област на здравствената, социјалната и детската заштита

2010 година

  • Срѓан Гојковиќ Гиле, од област на музичката уметност

2011 година

  • Предраг Цуне Гојковиќ, од област на уметноста
  • Ѓорѓе Кадијевиќ од област на уметноста
  • Миодраг Ѓелмаш, од област на спортот

2012 година

  • Лола Новаковиќ, од област на музичката уметност

2013 година

  • д-р Злата Бојовиќ, од област на културата и образованието[1]

2014 година

  • Ѕвездан Брадиќ
  • Милован Вржина
  • Веселин Џелетовиќ[4]

2015 година

  • Културно уметничко друштво „Димитрије Туцовиќ“, од област на културата и уметноста [5]

2016 година

  • Неџа Стојановиќ
  • Горан Зец[6]

2017 година

  • Небојша Радовановиќ[7]

2020 година[8]

  • Љубомир Сарамандиќ
  • Бранимир Ѓокиќ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Награда "Матија Бан". Званична презентација. Градска општина Чукарица. Архивирано од изворникот на 08. 10. 2018. Посетено на 09. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. Božinović 1996
  3. Пауновић 1968
  4. „Одлука о додели награде општине Чукарица "Матија Бан" за 2014. годину“ (PDF). Службени лист града Београда. LVIII/85: 32–33. 21. 11. 2014. Посетено на 09. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  5. „Одлука о додели награде општине Чукарица "Матија Бан" за 2015. годину“ (PDF). Службени лист града Београда. LIX/75: 32–33. 10. 12. 2015. Посетено на 09. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  6. „Одлука о додели награде општине Чукарица "Матија Бан" за 2016. годину“ (PDF). Службени лист града Београда. LX/110: 27. 28. 11. 2016. Посетено на 09. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  7. „Одлука о додели награде општине Чукарица "Матија Бан" за 2017. годину“ (PDF). Службени лист града Београда. LXI/86: 23. 22. 11. 2017. Посетено на 09. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  8. МАТИЈУ БАНА ДОБИЛИ ЂОКИЋ И САРАМАНДИЋ: Одржана је свечана седница Скупштине градске општине Чукарица („Вечерње новости”, 25. децембар 2020)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Božinović, Neda (1996). Žensko pitanje u Srbiji : u XIX i XX veku (PDF). Beograd: "Devedesetčetvrta". ISBN 978-86-82449-09-6.CS1-одржување: ref=harv (link) Посетено на 14. 10. 2016.
  • Пауновић, Маринко (1968). Београд : вечити град. Београд: Народни универзитет "Светозар Марковић".CS1-одржување: ref=harv (link)