Прејди на содржината

Награда „Ајвор Новело“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Награда „Ајвор Новело“
Доделена заизвонредност во творењето песни
МестоЛондон
ДржаваОбединето Кралство
ДоделуваАкадемија „Ајворс“[1]
Прво
доделување
1955; пред 71 година (1955)
Мрежно местоМатична страница Уредете го ова на Википодатоците

Награди Ајвор Новело, именувани по велшкиот композитор, пејач и глумец Ајвор Новело ― награди за пишување песни и компонирање. Овие годишни награди за прв пат биле доделени во 1956 година, а ги доделува Ајворсовата академија, која порано го носела името Британска академија на текстописци, композитори и автори.[2] Церемонијата за доделување на наградите се одржува во Лондон.

Наградите се доделуваат на две годишни церемонии познати како Ајворсови награди[3] и Ајворсови награди за композитори.[4]

  • Ајворсовите награди се одржуваат секој мај и од 2020 година се спонзорирани од Apple Music.[5] Се сметаат за најголема награда со која им се оддава признание и се наградуваат талентираните текстописци и композитори од Британија и Ирска.[2] Ајворсовите награди се единствена церемонија за доделување музички награди кои не се под влијание на издавачите и издавачките куќи, а делата се оценуваат и презентираат од писателската заедница.
  • Ајворсовите награди за композитори се одржуваат секој декември и се спонзорирани од PRS for Music.[6]

Самата награда е бронзена статуетка на Евтерпа, муза на лирската поезија.[2] Била дизајнирана во 1955 година од Хејзел Андервуд.

Категории на награди

[уреди | уреди извор]

Номинирани годишни награди

[уреди | уреди извор]
  • Најдобра песна музички и лирски
  • Најдобра современа песна
  • Награда за албум
  • Најдобра оригинална музика за филм
  • Најдобра оригинална музика за ТВ-серија
  • Најдобра оригинална музика за видеоигра

Други годишни награди

[уреди | уреди извор]
  • Текстописец на годината
  • Најизведувано дело

Други награди

[уреди | уреди извор]
  • Џез-награда
  • Награда за класична музика
  • Награда за инспирација
  • Извонредна колекција на песни
  • Извонреден придонес во британската музика
  • Животно достигнување
  • Специјална меѓународна награда
  • Стипендија BASCA
  • Награда за најдобар денс-сингл
  • Меѓународен хит на годината
  • Меѓународно достигнување во театарски мјузикл
  • Награда Џими Кенеди
  • Специјална меѓународна награда PRS за музика
  • Најпродаван сингл во Велика Британија
  • Најдобра оригинална музика за телевизиски/радио пренос
  • Специјална награда за текстописци
  • Во 1964 година, Џон Ленон и Пол Макартни добиле четири номинации за Ајворсова награда, вклучително и две номинации во иста категорија (како текстописци на двете (од вкупно две) песни кои се натпреварувале за Најпродавана британска песна во 1963 година), а исто така им била доделена Специјална награда за извонредни заслуги за британската музика.[7]
  • Линзи де Пол во 1974 година станала прва жена која ја добила наградата Ајвор Новело, за песната „Won't Somebody Dance With Me“ (најдобра балада или романтична песна).[8]
  • Во 1976 година, музичарите од 10cc, Греам Гулдман и Ерик Стјуарт освоиле три награди за пишување на песната „I'm Not in Love“; Добиле Ајвор Новело награда за: најизведувано британско дело, најдобра поп-песна и меѓународен хит на годината.[9]
  • Во 2008 година, Ејми Вајнхаус добила три Ајвор номинации, вклучително и две номинации во иста категорија (за најдобра песна музички и лирски).[10][11]
  • Во 2010 година, за прв пат Ајвор Новело награда добил саундтрак за видеоигра. Тоа бил саундтракот за PS3, Killzone 2, компониран од Џорис де Ман.[12]
  1. ↑ „Ivor Novello Awards“. IvorsAcademy.com. Посетено на 21 мај 2019.
  2. 1 2 3 „Ivor Novello award found in scrapyard“. BBC News. 4 June 2013. Посетено на 29 June 2013.
  3. ↑ „The Ivors“. The Ivors Academy.
  4. ↑ „The Ivors Composer Awards“. The Ivors Academy. Архивирано од изворникот на 2023-05-18. Посетено на 2024-10-02.
  5. ↑ „Apple Music to partner with The Ivors Academy for Ivors 2020“. www.musicweek.com (англиски).
  6. ↑ „Winners announced for The Ivors Composer Awards 2019“. www.prsformusic.com (англиски).
  7. ↑ „The Ivors 1964“. IvorsAcademy.com. BASCA. Посетено на 21 May 2019.
  8. ↑ „The Ivors 1974“. IvorsAcademy.com. BASCA. Посетено на 21 May 2019.
  9. ↑ „The Ivors 1976“. IvorsAcademy.com. BASCA. Посетено на 21 May 2019.
  10. ↑ „The Ivors 2008“. IvorsAcademy.com. BASCA. Посетено на 21 May 2019.
  11. ↑ „'Amy Winehouse' up for three coveted Ivor Novellos“. The Mirror. 21 April 2008. Посетено на 19 December 2015.
  12. ↑ „'Killzone 2' awarded Ivor Novello“. Gaming News. Digital Spy. 23 May 2013. Посетено на 29 June 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]